Страдалничиња

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Страдалничиња
Сино страдалниче (Passiflora caerulea)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Малпигиовидни
Фамилија: Страдалничиња
Juss. ex Roussel[1]
Потфамилии

Malesherbioideae
Passifloroideae
Turneroideae[1]

Синоними

Malesherbiaceae D.Don, nom. cons. Modeccaceae Horan.
Paropsiaceae Dumort.
Turneraceae Kunth ex DC., nom. cons.[1]

Страдалничињата или Пасифлори (науч. Passifloraceae) се фамилија на цветни растенија што опфаќа околу 530 видови во 27 рода.[1] Тука влегуваат разни дрва, грмушки, лијани и ползавци, и се среќаваат претежно во тропските краишта.

Фамилијата е наречена по страдалничето (род Passiflora) кое го дава јужното овошје маракуја (Passiflora edulis), како и градинарски видови како што се месестото страдалниче (Passiflora incarnata) и смрдливата маракуја (Passiflora foetida).

Поранешниот Кронвистов систем ја става фамилијата во редот Темјанушковидни (Violales), но современите системи на класификација како што е оној на Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG III) го вбројуваат во Малпигиовидните (Malpighiales).

Родови[уреди]

Потфамилија Malesherbioideae[уреди]

Потфамилија Passifloroideae[уреди]

Племе Paropsieae
Племе Passifloreae

Потфамилија Turneroideae[уреди]

Изземени родови[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Family: Passifloraceae Juss. ex Roussel, nom. cons.“. „GRIN“. Министерство за земјоделство на САД. 17 јануари 2003. http://www.ars-grin.gov/cgi-bin/npgs/html/family.pl?829. конс. 10 јануари 2012.  (англиски)
  2. „Родови на Страдалничиња (Passifloraceae)“. „GRIM“. Министерство за земјоделство на САД. http://www.ars-grin.gov/cgi-bin/npgs/html/gnlist.pl?829. конс. 10 јануари 2012.  (англиски)
  3. „Родови што понекогаш се вбројуваат во Страдалничиња (Passifloraceae)“. „GRIN“. Министерство за земјоделство на САД. http://www.ars-grin.gov/cgi-bin/npgs/html/gnothlist.pl?829. конс. 10 јануари 2012.  (англиски)

Надворешни врски[уреди]