Стојна ситноода

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стојна ситноода: Лирски народни песни од Охридско — книга на Блаже Тренески со лирска народна поезија од охридскиот крај. Книгата е објавена во 1981 година од издавачката куќа НИО „Студентски збор“ од Скопје, а во рамките на библиотеката „Културно наследство“.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 170 лирски народни песни, групирани во десет циклуси:[1]

  1. Што ми лее и белее
  2. Ајде да Стојно ајде да, ајде да стадо мешаме
  3. Поткачила се Драгина на сувар дрво да кршит
  4. Гајтано моме Гајтано, гајтан ти веѓи на чело
  5. Постани потклекни Станке марушанке
  6. Маја се толчит
  7. Добре дошле китени сватои
  8. Свекрво мори свекрво наполни табла дарови
  9. Ор' неесто Ејке ле Пејке
  10. Под Битола ливада

Осврт кон книгата[уреди | уреди извор]

Книгата содржи 155 страници и не е каталогизирана. Таа била испечатена во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, во тираж од 1.000 примероци, а печатењето било финансирано од Републичката заедница на културата на СР Македонија. Автор на корицата е Слободан Пупиновски. Во книгата доминираат љубовните и семејните песни, а помалку се застапени трудовите и хумористичните песни. Во својата рецензија, Томе Саздов истакнал дека собраните материјали претставуваат нов и драгоцен придонес во зачувувањето на макеоднската народна песна. Песните се мошне коректно запишани и добро подредени, а собирачот ги соопштува и изворите од кои потекнуваат песните.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981.