Стојна Вангеловска
Лични информации | |
---|---|
Роден | 5 февруари 1964 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонка |
Заведена висина | 1.72 м (5 ст 8 ин) |
Заведена тежина | 61 kg (134 lb) |
Информации за кариера | |
Играчка кариера | 1980–1996 |
Позиција | Бек |
Историјат на кариера | |
1980–1983 | Студент |
1983–1985 | Партизан |
1985–1991 | Јежица |
1991–1993 | Панатинаикос |
1993–1996 | Тиквеш Флорида |
Стојна Вангеловска ― југословенска/македонска поранешна кошаркарка и економист.[1] Таа освоила сребрен медал на Летните олимписки игри во 1988 Сеул како член на Кошаркарската репрезентација на СФРЈ. Таа има настапувано за: Студент, Партизан, Јежице, Панатинаикос и Тиквеш Флорида како играч, и ги има предводено Младинец, Профитнес, Студент, Кимико и Женската кошаркарска репрезентација на Македонија како тренер. Таа е единствената Македонка носител на летен олимписки медал.
Образование
[уреди | уреди извор]Завршила на Економски факултет во Сараево и Вишата тренерска школа во Белград.[1]
Кошаркарска кариера
[уреди | уреди извор]Играчка клупска кариера
[уреди | уреди извор]Таа играла за Студент од Скопје, белградски Партизан, Јежица од Љубљана, Панатинаикос и кавадаречки Тиквеш Флорида. Со Тиквеш освоила повеќе првенствени и куп титули.[1]
Играчка репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]За кадетска и младинската репрезентација на Југославија, Вангеловска одиграла 50 службени натпревари.[1]
Таа била член на југословенската репрезентација од периодот 1980-1990, одигрувајќи 250 натпревари, и пет години била нејзин капитен.[1]
Таа освоила девет медали на Балканските првенства, три медали на Европски првенства, три на светските, два медали на Универзијадите, и еден медал на Олимписките игри.[1]
Признанија
[уреди | уреди извор]- Најдобар спортист на Македонија за 1985 година[1]
.