Стојмен Михајловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стојмен Михајловски
[[Податотека:
Портрет Стојмен Михајловски
|225px|]]
Роден 22 декември 1941
Трново, Кривопаланечко, Југославија
Починал 11 јули 2020
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање правник

Стојмен Михајловски (роден на 22 декември 1941 година во село Трново, Кривопаланечко - починал на 11 јули 2020 година во Скопје) — македонски правник и политиколог.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Стојмен Михајловски основно образование и гимназија завршил во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во 1965 година во Скопје. Докторирал на Факултетот за политички науки во Сараево, на тема „Ефикасноста на политичкото одлучување“ во 1979 година. Работел како научен истражувач и научен советник во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје (1966–1993). Избран за судија во Уставниот Суд на Македонија во периодот од 1994 до 2003 година, и бил еден од првите девет уставни судии по независнота на Република Македонија. Во 2005 година станал редовен професор по уставно право на Факултетот за општествени науки во Скопје. Објавил поголем број трудови од областа на избирачкото право и политичкиот систем.

Одликуван е со Орден за заслуги за народ со сребрен венец и добитник е на Плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Стојмен Михајловски е еден од основачите и на Социјалистичката партија на Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Михајловски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 974. Text "series " ignored (help)