Стојан Стефаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стојан Дамјанов Стефаноски ( 1890 во Долно Добреноец, Кичевско1944во Арап Кула, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој се занимавал со земјоделие. Определен за борба против окупаторот, активно им помагал на партиските позадински работници во селото. Во текот на 1944 година, како добар познавач на теренот, бил земен како водач на Бригадата низ планината Бистра. Загинал во борба со балистите кај месноста Арап Кула во ноември 1944 година, каде бил убиен ѝ неговиот брат Темелко Стефаноски.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 126.