Стојан Крстески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стојан Крстески
Роден 1922 година
Србјани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал февруари, 1944 година
Никодин, Прилепско, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец

Стојан Миладинов Крстески ( 1922 во Србјани, Кичевско1944 во Никодин, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во семејство кое претежно се занимавало со земјоделство. Поради големата сиромаштија, заминал на печалба во Белград, но по нападот на Југославија од Германија, се вратил во своето село каде активно се вклучил во народно ослободителното движење и станал член на СКОЈ. Во летото 1943 година доброволно стапил во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред, а потоа во редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата заминал за Егејска Македонија во познатиот Февруарски поход. Загинал кај селото Никодин во февруари 1944 година во борба со бугарските окупатори.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 75.