Стојан Груевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стојан Груевски
Роден 1919 година
Никифорово, Кралство СХС
Починал 1945 година
Сремски фронт, Хрватска
Народност Македонец

Стојан Груевски (Никифорово, Гостиварско, 1919 - Сремски фронт, Независна Држава Хрватска, 1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од многудетно сиромашно печалбарско семејство. Како и неговите браќа, така и тој, веднаш по завршувањето на основното училиште морал да го напушти своето родно село и да замине на печалба. Најмногу останал на печалба во Белград, каде ги запознал сите маки на печапбарскиот живот. Работел речиси по 16-18 часа дневно по разни кафеани како чирак и келнер за ниска плата.[1]

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

Споменик на НОБ во Никифорово, на кој се наоѓа и името на Стојан Груевски.

Окупацијата го затекнала во Белград, каде што останал се до октомври 1944 година, кога доброволно стапил во V македонски баталјон. Учествувал во пробивањето на Сремскиот фронт каде што храбро загинал.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Синадиновски, Јаким; Груевски, Зоге (1976). Трите мавровски села. Скопје: Заедница на научните дејности. стр. 263.