Стојанче Ангелов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За истоимениот поет видете Стојанче Ангелов (поет)
Стојанче Ангелов
Ангелов.jpg
Стојанче Ангелов
Род МВР Македонија Македонија
Чин генерал-мајор на полицијата
Битки/војни Воен конфликт во Македонија, 2001 (битка за Арачиново)

Стојанче Ангелов (Штип, 15 септември 1972) е претседател на партијата „Достоинство“ и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Ангелов е роден во 1972 година во Штип. Таму завршил основно и средно училиште, потоа во Скопје завршил Факултет за безбедност. Се вработил во МВР како приправник за полицаец во Штип. Во март 1996 почнал да работи во специјалната полиција, каде што околу една година работел како полицаец, две години бил командир на одделение, две години командир на вод, па оттаму бил преместен во Радуша, каде бил водич на сектор.

Воен конфликт 2001[уреди | уреди извор]

Четвртиот вод на ЕСЗ ТИГАР на чело со генерал Стојанче Ангелов во полигонот за обука „Стенковец“, Скопје. Опкружените од лево се Александар Серафимов, Никола Пехчевски и Оливер Китановски, сите загинати во 2001 година.

Во Радуша го зафатил почетокот на вооружените дејствија од 2001 година. Кога се случил нападот на тетовското Кале, го пратиле како командант во посебните единици во Тетово. Останал околу три месеци во Тетово. Потоа станал заменик командант на Тигрите. Бил учесник во битката кај Арачиново, каде што бил и ранет.

Во годините по воениот конфликт е постојано деградиран во чиновите. Во јавноста активно се залага за правата на македонските бранители преку здружението „Достоинство“.

Политичка активност[уреди | уреди извор]

Политичката партија „Достоинство“ самостојно настапила на предвремените парламентарни избори во 2011, при што Стојанче Ангелов бил носител на листа во изборната единица број 3. За претседателските избори во 2014, Стојанче Ангелов прв ја најави својата кандидатура како независен кандидат за претседател на Македонија, но поради големите политички притисоци, закани и заплашувања на граѓаните кои го поддржуваат не успеа да ги собере потребните 10.000 потписи. Стојанче Ангелов во своите јавни политички настапи застапува македонски патриотски ставови, особено во однос на заканите на големоалбанскиот шовинизам, а исто така се залага и за прекин на преговорите во спорот за името со Грција.

Наводи[уреди | уреди извор]