Стортинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Норвешки парламент

Stortinget
166th Storting
Тип
Тип
Ограничување на мандат
4 години
Основан1814
Состав
Места169 (85 се потребни за мнозинство)
Избори
Отворени листи со пропорционална застапеност
Последни избори
13 септември 2021
Следни избори
2025
Зборно место
Мрежно место
stortinget.no
Устав
Норвешки устав

Стортинг (норвешки: Stortinget (во буквален превод: Големото нешто)) е Норвешки врховен законодавен дом, основан во 1814 година со Уставот на Норвешка. Седиштето му е во Осло. Еднодомниот парламент има 169 членови и се избира на секои четири години врз основа на пропорционална застапеност на партиските листи во деветнаесет изборни единици со повеќе пратенички места.

Со собранието заседава претседател, кој од 2009 година има пет потпретседатели и сите заедно го сочинуваат Президиумот. Членовите на Стортинг се распоредени во дванаесет постојани комисии како и четири процедурални комисии. Тројца народни правобранители директно му одговараат на парламентот, односно на Парламентарната комисија за надзор на разузнавањето и Канцеларијата на главниот ревизор.

Парламентарнaта демократија била воведена во 1884 година, при што членовите во Стортинг биле поделени во две внатрешни комори (Лагтинг и Оделстинг) со што де факто Норвешка имала дводомен парламент. По уставен амандман од 2007 година, ваквата практика била укината и стапила на сила по изборите во 2009 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]