Прејди на содржината

Стое Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стое (Лазаров) Иванов Стојановски ( 1914 во Татомир30 декември 1944 во Гнилане) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Целиот негов живот, бил проткаен со многу тешкотии и искушенија. Во една сиромашна селска куќичка во селото Татомир основал свое семејство. За да го прехрани многучленото семејство, покрај својата скромна земја одел и аргатувал по туѓи селски поимотни семејства. Желен за слобода го оставил своето семејство и пристапил во единиците на Народноослободителната војска на Македонија. Се борел во составот на повеќе единици (во Кратовскиот баталјон и други), за да подоцна се најде во составот на Седумнаесеттатa македонска бригада. По конечното ослободување на Македонија, тој земал учество во борбите во околината на Гнилане против остатоците од балистичките банди. Загинал на 30 декември 1944 година, во една од борбите против балистите. Зад себе оставил четири малолетни деца.[1]

  1. 1 2 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 56.