Стиховен Калибар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Горан Јанкуловски
StihovenKalibar.jpg
Основни податоци
Родено име Горан Јанкуловски
Познат(а) и како Стиховен Калибар
Роден(а) 31 август 1979
Македонија Скопје, Република Македонија
Жанр(ови) Рап Хип хоп
Занимање/ња Хип хоп артист и афористичар
Години активност 1995–денес
Веб-место [1]

Стиховен Калибар (вистинско име Горан Јанкуловски) 31 август 1979 е хип хоп артист и афористичар од Скопје.

Кариера[уреди | уреди извор]

Тој започнува да се занимава со хип хоп музика во 1995 година кога ги прави првите чекори преку неколкуте демо снимки и како дел од првата група РХБ Продукција за да продолжи понатаму и со соло кариера издавајќи го првиот неофицијален демо албум „Поинаква димензија” кој излегува на црниот пазар во 2001 година. Подоцна станува составен дел од групата Парадокс во чиј состав влегуваат Видо & Мичо од Пука козметика и го снимаат демо албумот „Парадокс-Потреба за Рап” кој излегува неофицијално во 2003 година со сопствени средства.

Во 2007 година Стиховен Калибар го издава својот втор албум „Ин Медиас Рес” за издавачката куќа Чикен Меднес. Албумот е критизерски насочен кон политичката и општествена елита но и израз на револт кон целиот медиумски и комерцијален „терор” кој го доведува општеството до атрофија. Албумот е карактеристичен и по многуте гостувања на познати Хип хоп и џез артисти од Македонија и надвор од неа.

Во 2011 година Стиховен Калибар го издава третиот албум наречен Последниот Завет на кој гостуваат музичари од Македонија и од соседството. Последниот Завет е реално социолошко и филозофско согледување на извитоперената општествена реалност, односно преставува метафора на деветтиот круг на пеколот, олицетворен во суровото секојдневие инфицирано од криминал, неморал и лицемерие, а воедно го означува и залезот на вистинскиот хип-хоп.

Стиховен Калибар досега има остварено соработки со многу имиња од хип хоп и останатите музички правци како што се Џака Накот, ДЈ Славе, РНС, Рок Агресори, Мијата, Културно Уметнички Работници, Георги Шарески, Јана Бурческа, Јордан Костов, Спирит Блоковски (Србија), Таргет (Хрватска), Стивен Драма и Биро (Србија), Фаст Флоуз (Србија), Брус Халтер (Србија), Бит Експериментс, Мичо Атанасиу, Видо, ФИСТ и други.

Видео записи и книги[уреди | уреди извор]

До сега Стиховен Калибар има изработено и 7 видео записи.

Освен албумите, Стиховен калибар има објавено неколку книги, едната е „Збирка мудрости и афоризми“, другата со урбаната тематика, која се вика „Двоглед“ како и стихозбирката „Проклетници“, збирката афоризми „Стихија“, хаику книгата „Бог да ги бие кучињата касапски” и збирката афоризми "Ни лук јал, ни ќебапи мирисал" .

Книгата „Двоглед“ опфаќа повеќе раскази и текстови кои вршат подробно набљудување на маратонската транзиција. Авторот се осврнува и на повеќе теми од урбаното живеење, а неуморно ѕирка во секоја пора на општеството вклучувајќи го и градскиот џет с(м)ет. „Двоглед“ сведочи за безимената земја, но и за армијата сељаци во СкоТје откривајќи им ги вистинските лица и патот на нивната гола амбиција да станат „некој” наместо да станат „нешто”.

Стихозбирката „Проклетници“ 2012 содржи вкупно 38 песни и нестандарни хаику творби. Говори за сите видови на грешници, како и за лузери, скотови и ветерници. За сите маченици и штетници, но и за ситни души и неверници.

Збирката афоризми „Стихија“ 2014 има за цел во кратки црти да го демистифицира искривоколченото општество. Пишана е во еден здив, а многумина ќе ги остави без здив. „Стихија“ е дело кое стихијно ги напаѓа хоштаплерите, лицемерите, бандитите и курвите во оваа земја. Ја презира глупоста и моралното дезертерство и внесува нова свежина во македонската сатира.

„Бог да ги бие кучињата касапски” 2015 - Стварноста во хаику песните на Стиховен Калибар е груба, сурова, вулгарна, деструктивна, неменлива, без ниту трага од „природна убавина“ или изделување на некакви животни вредности. Луѓето во неа, пак, се поделени, радикално спротивставени, анимозни: едни се „до корен“ мали, ништожни, маргинални, обезвреднети, омаловажени, понижени, немоќни, но многу повеќе јадосани, револтирани, гневни, жестоки, вулгарни; други се „ѓубре што не дава плод“.

Kнигата Ни лук јал ни ќебапи мирисал (2017) има око да ги види и нос да ги намириса аномалиите; има храброст да го каже односно запише она што авторот го видел и намирисал во општеството. Државата и поединецот, политичарите и курвите, образованието и простата маса, раздорите и коалициите, милионските сметки во банките и празните џебови ... сето тоа и многу друго е на тапет, преку кој поминува острото перо на Јанкуловски.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Насловната корица од албумот Ин медиас рес

Албуми[уреди | уреди извор]

  • Ин медиас рес 2007
  • Последниот завет 2011

Видео записи[уреди | уреди извор]

Издадени книги[уреди | уреди извор]

  • Збирка мудрости и афоризми 2010
  • Двоглед 2011
  • Проклетници 2012
  • Стихија 2014
  • Бог да ги бие кучињата касапски 2015
  • Ни лук јал ни ќебапи мирисал (2017)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]