Стимфалски птици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стимфалски птици
Херакле и стимфалските птици. Детаљ од римски мозаик во Љирија (Шпанија).
ВидМитски суштества
ПодвидПтицци
МитологијаГрчка митологија
ЗемјаГрција
ПодрачјеАркадија
ЖивеалиштеСтимфалско Езеро

Во грчката митологија, стимфалските птици (на старогрчки Στυμφαλίδες ὄρνιθες / Stumphalídes órnithes) скротени од Арес, биле месојадни птици, кои се хранеле со човечко месо[1]. Убиството на стимфалските птици за Херакле претставувало шесто (или, според авторите, петто) од Дванаесетте задачи.

Мит[уреди | уреди извор]

Антоан Бурдел, Херакле стрелец или Херакле ги убива стимфалските птици (1909), бронза, Музеј на убави уметности во Лион.

Птиците ги напаѓале шумите во близина на Стимфалското Езеро, Аркадија. Својот плен го убивале со нивните челични, бодликави и остри пердуви, кои ги користеле како стрели. Други легенди кажуваат дека имале бронзени канџи и клун.

Херакле ги исплашил со бронзени ѕвечки[2] што му ги дала Атена, убил неколку од нив, а останатите ги избркал. Друга легенда кажува дека Херакле најпрво ги убивал со своите стрели, но тие биле толку многубројни и толку брзо се размножувале, што на крајот на денот Херакле немал повеќе стрели, а птиците биле побројни отколку утрото. Херакле, во напад на бес, потоа го удрил својот меч во својот штит, што ги избркало птиците. Тој продолжил додека сите птици не паднале од изнемоштеност во езерото и се удавиле.

Во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • Стимфалските птици се појавуваат во Титаните, првото продолжение на видео играта Митолошко време (Age of Mythology), каде што тие се митските единици на титанидот Теја.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Voir page 396 in A Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology, William Smith, Little, Borwn & Co, 1867 ; voir aussi page 36 in Latin: A Fresh Approach, Mike Seigel, Anthem Press, 1999
  2. Les 12 travaux d'Héraclès (Hercule) le super héros de la mythologie greco-romaine
  3. (EN) Oiseaux du lac Stymphale sur le wiki d'Age of Mythology