Стивен Булд

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стивен Булд
Лични податоци
Полно име Стивен Булд
Роден на 16 ноември 1962 (1962-11-16) (51 г.)
Роден во Стоук на Трент, Англија
Висина  м
Положба одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Арсенал
Младинска кариера
1978–1980 Стоук Сити
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1980–1988 Стоук Сити 183 (6)
1982 ФК Торки Јунајтед (loan) 9 (0)
1988–1999 ФК Арсенал 288 (5)
1999–2000 ФК Сандерленд 21 (0)
Total 501 (11)
Репрезентација
1994 Англија B 1 (1)
1994 Англија 2 (0)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Стивен Ендру Булд (роден 16 ноември 1962) е поранешен англиски фудбалер.

Играчка кариера[уреди]

Роден во Стоук на Трент, својот прв договор го потпишал со тимот од неговиот роден град Стоук Сити додека сѐ уште бил средношколец во 1978 по што станал професионалец во ноември 1980. Деби настапот како десен бек му бил на гостувањето кај Мидлзборо во септември 1981, Стоук загубил со 3:2. Сепак, поради неможност да заработи место во првиот тим, бил изпратен на заем во Торки Јунајтед во октомври 1982, каде што изиграл девет лигашки натпревари под водство на Брус Риох.

Булд постепено станал редовен стартер во Стоук, пренамнувајќи се во централен стопер. Во 1987 година се здобил со тешка повреда на грбот која за малку ќе му ја завршела кариерата, но по неколку операции се опоравил. Во 1988 заработил трансфер во Арсенал, и станал член на Арсеналовата одбранбена линија позната како „славна четворка“, покрај Тони Адамс, Најџел Винтербурн и поранешниот соиграч од Стоук Ли Диксон. Булд ја освоил Првата Дивизија двапати, во 1988-89 и 1990-91; поради повреда не можел да игра во финалињата на ФА Купот и Лига Купот кои Арсенал ги освои во 1992-93, но неговата замена Енди Линиган го постигнал победничкиот гол во финалето на ФА Купот против Шефилд Венсдеј.

По победата во финалето на Купот на Победниците на Куповите во 1993-94, успехот го избегнуваше Арсенал и Булд во следните неколку години, и со доаѓањето на францускиот менаџер Арсен Венгер започнаа шпекулации дека Булд ќе си замине од Арсенал (особено поради фактот што се почесто настапуваше како замена за Мартин Кион); но наместо тоа, дојде до повторно оживување, и Булд беше член на тимот кој освои Двојна Круна во сезоната 1997-98 - Булд нафрли за последниот гол на Тони Адамс во победата од 4:0 против Евертон, победа која им ја донесе титулата во Премиер Лигата. Две недели подоцна Арсенал ја комплетираше Двојната Круна со победата во финалето на ФА Купот.

Возраста повеќе не беше на негова страна, и по последната сезона на Хајбери се префрли во новопромвираниот Сандерленд во јули 1999 за 500000 фунти. По заминувањето на капитенот Кевин Бол во декември 1999, менаџерот Питер Реид му ја даде одговорноста на него, по што Булд им помогна да завршат на седмо место. Булд остана на Стадионот на Светлината сè додека не беше приморан да се пензионира поради артритис во септември 2000 по само 21 изигран натпревар во Премиер Лигата за Сандерленд.

И покрај фактот што настапуваше во една од најдобрите одбрани во првата лига во Англија во доцните осумдесети и раните деведесети, Булд има само два настапи за Англија, далеку помалку од колегата Тони Адамс, а првиот настап му беше дури на возраст од 31.

Тренерска кариера[уреди]

По пензионирањето, почна да работи кон добивање тренерска лиценца од УЕФА и во јуни 2001 година се врати во Арсенал и стана тренер во младинските тимови. Во моментов е главен тренер на Арсеналовиот состав за играчи до 18 години.

Надворешни Врски[уреди]