Прејди на содржината

Стефан VIII Разван

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стефан VIII Разван
Стефан Разван на својата монета
Кнез на Молдавија
На престол24 април - август 1595
ПретходникАрон Тиранинот
НаследникЈеремија Могила
Роден(а)непознато
Починал(а)декември 1595
ВероисповедПравославие?

Стефан VIII Разван (п. декември 1595) — војвода на Молдавија од ромско потекло од Влашка. ТОј владеел во периодот од 24 април до август 1595 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Татко му бил муслимански Ром од Отоманското Царство кој се преселил северно од Дунав, во Влашка, додека неговата мајка била месна романска селанка. Во тоа време, сите Роми кои живееле во романските држави Влашка и Молдавија биле робови. Правилото важело за било кои ромски доселеници, освен за отомански државјани. Благодарение на овој исклучок, татко му и подоцна тој останале слободни и зеле активно учество во месното општество.

Стефан Разван како политички играч се појавил на почетокот од владеењето на влашкиот кнез Михај Храбриот (1593-1601) како негов близок сојузник. Претходно ја променил верата од ислам во христијанство, со што насобрал гнев кај Отоманците. Го достигнал општествениот статус на болјар и бил отмена личност. Подоцна, тој се вклучил во политичките збиднување во соседната романска држава Молдавија, каде што бил назначен за дел од Кнежевскиот совет со чинот хетман (втор највисок воен чин по кнез) за време на владеењето на Арон Тиранинот. Тој ги предводел походите на молдавската војска против Тигина, Килија, Кетатеа Алба и Северна Добруџа, кои подоцна биле освоени од Отоманците. Стефан станал многу популарен меѓу војниците и, со нивна поддршка и помош од трансилванскиот кнез Жигмонд Батори, успеал да го симне од власт Арон Тиранинот, кој изгубил популарност кај народот, на 24 април 1595 година.

Неговото владеење не траело долго затоа што соседната Полско-литванска Државна Заедница не била согласна за неговото сојузништво со Трансилванија и Влашка. Тие ја нападнале Молдавија во август и го назначиле Јеремија Могила за кнез признаен од Полјаците. Одлучувачката битка се војувала кај Сучава на 3 декември 1595 година и по тричасовна борба завршила со полска победа. Стефан побегнал кон Трансилванија, но бил заробен и набоден на колец.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Istoria și tradițiile minorității rromani, p. 28, 2005, Sigma, Bucharest, Delia Grigore, Petre Petcuț and Mariana Sandu.