Стефан IV (Унгарија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стефан IV (Унгарија)

Стефан IV (унг.IV. István, хрв. Stjepan IV; околу 1133 година - 11 април 1165 година) бил крал на Унгарија и Хрватска во 1163 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Стефан е син на Бела II Слепиот, унгарски крал и Јелена Вуканович, ќерка на српскиот крал Урош. Престолот на Бела го наследил најстариот син Геза II. Во Унгарија во тоа време не постоел принципот на примогенитура. Кралот го наследувал најстариот член на династијата или најстариот син. Поради овие нејаснотии дошло до конфликт во династијата. Стефан и Ладислав II (третиот брат) сметале дека имаат право на круната па затоа за помош се обратиле кај византискиот император Мануил I Комнин. Стефан се оженил со неговата ќерка Марија.

Геза II умрел во 1162 година. Го наследил најстариот син Стефан III. Синот на Геза за власт морал да се бори против своите чичковци. Стефан III бил соборен по падот на византиската војска на територијата на Унгарија. На престолот после краткото владеење на Ладислав II (умрел во 1163 година) доаѓа Стефан IV. Промената на престолот не му одговарала на Фридрих Барбароси, светоримскиот император. Тој ја нападнал Унгарија и му нанел пораз на Стефан кај Секешфехервар. Кралот бил заробен, а на престолот повторно дошол Стефан III. На наговор на архиепископот Лука, Стефан IV е пуштен од затворот. Кога се нашол на слобода, Стефан се обидел да ги придобие царевите на Византија и на Светото Римско Царство на своја страна. Кога тоа не му успеало, Стефан се обратил за помош кон босанскиот бан Бориќ. Бориќ, меѓутоа, е поразен од страна на унгарскиот крал и присилен на вазализам.

Византискиот цар Мануил Комнин го прифатил Стефан III за унгарски крал. За возврат требало да го добие Срем. Стефановиот син Бела бил испратен во Константинопол на школување, а како наследство византискиот цар требало да ги прими Хрватска и Далмација. Кога унгарскиот крал одбил да ги предаде териториите избила војна. Стефан IV со војската навлегол во Унгарија. Походот бил неуспешен. Од пропаст го спасила византиската интервенција. Стефан IV повторно го нападнал Срем, но е опседнат во Земун. Умрел во оваа опсада на 11 април 1165 година.