Стефан Шќеповиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стефан Шќеповиќ (роден на 10 јануари 1990 година) е српски фудбалер кој моментално настапува во кипарскиот клуб АЕЛ од Лимасол на позицијата напаѓач.[1]

Тој настапувал за клубовите во својата татковина, но и во Италија, Белгија, Израел, Шпанија, Шкотска, Унгарија, Полска и Јапонија. Во неговата прва сезона во екипата на Селтик, тој помогнал клубот да ја освои двојната круна во шкотското првенство и во Шкотскиот Лига Куп.

Стефан Шќеповиќ како репрезентативец

Бил репрезентативец до 21 година. Стефан Шќеповиќ својот прв натпревар за сениорската репрезентација за Србија го имал во 2012 година.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетна кариера[уреди | уреди извор]

Шќеповиќ својата професионална кариера ја започнал во 2007 година во тимот на ОФК Белград. Во 2010 година заминал како позајмен играч во екипата на Сампдорија. Како дел од договорот, екипата на Сампдорија имала можност да потпише траен договор до крајот на сезоната.[2] На крајот на сезоната, Шќеповиќ бил поврзуван со премин во составот на Јувентус и во белгискиот Клуб Бриж. На крајот Стефан потпишал со белгискиот тим.[3]

Клуб Бриж[уреди | уреди извор]

Во месец јули 2010 година, Шќеповиќ му се приклучил на белгискиот Клуб Бриж.[4] Откако одреден период во првата половина од сезоната немал постигнато ниту еден гол за клубот, тој во месец јануари 2011 година бил позајмен на составот на Кортријк. Белгиските медиуми, малку на шега напишале дека тој бил најзапаметен во составот на Бриж по настанот кога случајно се заклучил во бањата во Афлигем и тоа неколку часа пред пријателскиот натпревар.

Партизан[уреди | уреди извор]

На 8 јуни 2012 година, Шќеповиќ потпишал двегодишен договор со ФК Партизан.[5] Истиот ден се оженил со својата долгогодишна девојка Јована Шќеповиќ.[6] Со екипата на Партизан настапил во Лигата на Европа на УЕФА 2012-13. Во тоа натпреварување неговиот тим се сретнал и играл против екипите на: Интернационале (Интер), Рубин од Казан и Нефтчи од Баку.

Спортинг Хихон[уреди | уреди извор]

Во месец јули 2013 година, Стефан Шќеповиќ потпишал тригодишен договор, но како позајмен играч со екипата на Спортинг од Хихон. Во договорот постоела и откупна клаузула.[7] Во месец септември тој станал првиот играч во историјата на клубот кој успеал да постигне гол во неговите први пет последователни натпревари (против Реал Мадрид Кастиља, Рекреативо од Хуелва, Мајорка, Понферадина и Депортиво од Ла Коруња).[8] Овој период со одлични настапи му ја донела наградата Играч на месецот во Сегунда Дивизион лигата.[9]

Во месец јануари 2014 година Шќеповиќ бил изгласан од страна на читателите на шпанскиот спортски весник Марка, за најдобар играч на првата полусезона, притоа бил нарекуван „кралот на Сегунда“.[10] Исто така, бил именуван во единаесетте најдобри играчи на средината од сезоната. Овој избор бил направен од ЛФП (Фудбалската Примера Лига).[11]

На 6 февруари 2014 година на Шќеповиќ му бил откупен во целост договорот од страна на составот на Спортинг. Сумата изнесувала 1 милион евра,[12] и новиот договор бил со важност до 2018 година.[13] До тој период Стефан постигнал 22 гола на вкупно 39 настапи за клубот. 

Селтик[уреди | уреди извор]

На 2 септември 2014 година, Шќеповиќ потпишал четиригодишен договор со екипата на Селтик за сума од 2,3 милиони фунти.[14] Единаесет дена подоцна, го одиграл својот прв натпревар како стартер во победата од 2:1 против екипата на Абердин на стадионот Селтик Парк.[15]

На 23 октомври, го постигнал својот прв гол за клубот против составот на Астра од Џурџу во Лигата на Европа на УЕФА, постигнувајќи гол со глава по слободен удар кој го изведувал соиграчот Ентони Стоукс во победата од 2:1 домашен терен.[16] Три дена подоцна, тој го постигнал својот втор гол за клубот, а воедно и неговиот прв во лигата, во победата од 2:0 над екипата на Килмарнок. Вториот гол на тој натпревар бил од слободен удар, кој го изведувал соиграчот Џон Гвидети. Слободниот удар бил заработен откако противничкиот играч Мануел Паскали бил исклучен поради жестокиот прекршок направен токму врз Стефан Шќеповиќ.[17]

На 15 март 2015 година, Шќеповиќ бил на клупата за резервни играчи, додека неговиот Селтик го освоил Лига купот на Шкотска со победата од 2:0 над составот на Данди Јунајтед. Финалето се играло на стадионот Хемпден Парк. Во екипата на Селтик стартувале напаѓачите Стоукс и Ли Грифитс, а Гвидети, подоцна влегол како замена.[18] На 24 мај, Стефан постигнил по еден гол во секое полувреме, додека составот на Селтик ја завршил својата четврта последователна сезона како шампиони на својата земја. Тоа бил натпревар против екипата на Инвернес Каледонски Тистл кој завршил со резултат од 5:0.[19]

Гетафе[уреди | уреди извор]

На 31 август 2015 година, Шќеповиќ му се приклучил на шпанскиот клуб Гетафе како позајмен играч. Својот прв гол за составот на Гетафе го постинал со еден низок удар со глава во победата од 1:0 над составот на Малага.[20]

На 28 јуни 2016 година, по испаѓањето на клубот во понизок ранг, Шќеповиќ потпишал постојан договор со тимот. Со своите игри му помогнал на клубот за нивното експресно враќање во највисокото ранг. Особено бил важен голот кој го постигнал против составот на Мајорка на 10 јуни 2017 година.

Спортинг Хихон (како позајмен играч)[уреди | уреди извор]

На 12 јули 2017 година, Шќеповиќ се вратил во екипата на Спортинг, откако се согласил да настапува за период од една година како позајмен играч.[21] Сепак, на 31 јануари 2018 година по постигнувањето на четири гола во вкупно 16 одиграни натпревари, екипите на Гетафе и Спортинг се согласиле да го раскинат договорот за неговиот третман како позајмен играч.[22] Веднаш потоа Стефан Шќеповиќ бил префрлен во унгарскиот клуб на Видеотон.[23]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Стефан Шќеповиќ својот прв натпревар за фудбалската репрезентација на Србија го имал на 29 февруари 2012 година во пријателскиот натпревар против составот наКипар. Својот прв репрезентативен гол го постигнал на 15 октомври 2013 година во квалификациите за Светското првенство наредната година против репрезентацијата на Македонија на одигран на Градскиот стадион во Јагодина. На тој натпревар Стефан влегол во игра откако го заменил соиграчот Филип Ѓорѓевиќ во 62 минута. Стефан го постигнал последниот гол на тој натпревар по 11 минути откако влегол во игра. Натпреварот завршил со резултат од 5:1.[24]

Статистика во кариерата[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Европски континентални натпревари Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
ОФК Белград 2007–08 4 0 0 0 4 0
2009–10 12 1 1 0 13 1
Вкупно 16 1 1 0 17 1
Млади радник 2008–09 2 0 0 0 2 0
Сопот 2008–09 11 4 0 0 11 4
Сампдорија 2009–10 2 0 0 0 2 0
Клуб Бриж 2010–11 4 0 0 0 3 1 7 1
Кортријк 2010–11 8 1 0 0 8 1
Хапоел Акре 2011–12 31 13 0 0 31 13
Партизан 2012–13 14 8 1 0 10 1 25 9
Ашдод 2012–13 13 6 0 0 13 6
Спортинг од Хихон 2013–14 41 23 0 0 41 23
2017–18 15 4 1 1 16 5
Вкупно 55 27 1 1 56 28
Селтик 2014–15 18 4 1 0 4 2 23 6
2015–16 1 0 0 0 0 0 1 0
Вкупно 19 4 1 0 4 2 24 6
Гетафе 2015–16 34 6 2 0 36 6
2016–17 25 3 1 0 26 3
Вкупно 59 9 3 0 62 9
МОЛ Видеотон 2017–18 14 6 0 0 0 0 14 6
2018–19 2 1 0 0 4 0 6 1
Вкупно 16 7 0 0 4 0 20 7
Вкупно во кариерата 260 80 7 1 21 4 278 85

Ажурирано на игрите одиграни во периодот до 18 декември 2018 година.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Тој е постар брат на Марко Шќеповиќ и син на поранешниот напаѓач на екипата на Партизан, а сега еден од тренерите на младите состави во тимот, Слаѓан Шќеповиќ.

Признанија[уреди | уреди извор]

Клупски признанија[уреди | уреди извор]

Селтик

Индивидуални признанија[уреди | уреди извор]

  • Прогласен за играч на месецот во Сегунда Дивизион: септември 2013 година.[25]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „STEFAN SCEPOVIĆ WZMACNIA JAGIELLONIĘ!“. jagiellonia.pl. 17 January 2019. Архивирано од изворникот на 2020-01-05. Посетено на 2022-02-11.
  2. „Baby rinforzo: dall'OFK Belgrado arriva Stefan Scepovic“ [Youth reinforcement: from OFK Beograd arrives Stefan Scepovic] (италијански). UC Sampdoria. 2010-01-21. Посетено на 2010-01-22.
  3. „Official: Club Brugge beat Juventus to signing of Stefan Scepovic from OFK Belgrade“. Goal.com. 9 July 2010.
  4. „Club Brugge haalt spits van Sampdoria“ [Club Brugge takes striker from Sampdoria]. v-bal.nl (холандски). 8 July 2010. Архивирано од изворникот на 2010-07-10. Посетено на 8 July 2010.
  5. „Stefan Šćepović novi igrač Partizana!“ [Stefan Šćepović new player of Partizan!] (српски). Hoboctи. 7 June 2012.
  6. „Šćepović potpisao ugovor sa Partizanom i otišao na venčanje“.
  7. „Stefan Šćepović prešao u Sporting Hihon“ [Stefan Šćepović loaned to Sporting Gijón]. Tanjug.rs (српски). 17 July 2013. Посетено на 2 September 2013.[мртва врска]
  8. „Los goles de Scepovic conducen al Sporting al liderato“ [Scepovic's goals leads Sporting to leadership] (шпански). Mundo Deportivo. 15 September 2013. Архивирано од изворникот на 11 November 2013.
  9. Liga de Fútbol Profesional (22 October 2013). „Prizes for the month's best performers in Liga BBVA and Liga Adelante“.
  10. „Scepovic es el 'rey' de Segunda“ [Scepovic is the 'king' of Segunda] (шпански). Marca. 16 January 2014.
  11. „The best from the first half“. Liga de Fútbol Profesional. 16 January 2014.
  12. „Gijón compra a Stefan Scepovic“ [Gijón buys Stefan Scepovic] (шпански). Marca. 6 February 2014. Посетено на 10 February 2014.
  13. „Scepovic, rojiblanco hasta 2018“ [Scepovic, rojiblanco until 2018] (шпански). Diario AS. 7 February 2014. Посетено на 10 February 2014.
  14. Lamont, Alasdair (2 September 2014). „Celtic sign striker Stefan Scepovic, line up John Guidetti“. BBC Sport. Посетено на 3 December 2014.
  15. Southwick, Andrew (13 September 2014). „Celtic 2-1 Aberdeen“. BBC Sport. Посетено на 3 December 2014.
  16. Lamont, Alasdair (23 October 2014). „Celtic 2-1 Astra Giurgiu“. BBC Sport. Посетено на 3 December 2014.
  17. Murray, Keir (26 October 2014). „Celtic 2–0 Kilmarnock“. BBC Sport. Посетено на 3 December 2014.
  18. Wilson, Richard (14 March 2015). „Dundee Utd 0-2 Celtic“. BBC Sport. Посетено на 15 March 2015.
  19. „Celtic 5-0 Inverness: Champions celebrate in style at Parkhead“. Sky Sports. 24 May 2015. Посетено на 2 June 2015.
  20. Lamont, Alasdair (31 August 2015). „Celtic striker Stefan Scepovic joins Getafe on loan“. BBC Sport. Посетено на 31 August 2015.
  21. „Scepovic regresa al Sporting“ [Scepovic returns to Sporting] (шпански). Sporting Gijón. 12 July 2017. Посетено на 13 July 2017.
  22. „Scepovic queda desvinculado del Sporting“ (шпански). Sporting de Gijón. 31 January 2018. Посетено на 31 January 2018.
  23. „Stefan Scepovic joins Videoton FC“. Videoton FC. 31 January 2018. Посетено на 31 January 2018.
  24. „Serbia finish with a flourish against FYROM“. UEFA. 15 October 2013. Посетено на 2 June 2015.
  25. Liga de Fútbol Profesional. „La LFP premia a los mejores del mes Prizes for the month's best performers in Liga BBVA and Liga Adelante“ [Prizes for the month’s best performers in Liga BBVA and Liga Adelante].

Надворешни врски[уреди | уреди извор]