Стефан Хаџи-Николов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стефан Хаџи-Николов

Стефан Хаџи Николов - македонски сликар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Стефан Хаџи-Николов е роден во 1955 година во Скопје, каде што дипломирал на Педагошката академија. Тој е член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1984 година. Почнувајќи од 1982 година, реализирал 32 самостојни изложби во Скопје, Нови Сад, Љубљана, Солун, Софија, Лондон, Албена, Париз, Анкара, Истанбул и во други градови. Исто така, тој учествувал и на повеќе од 80 групни изложби, а добитник е на повеќе награди за сликарството.

Изложби[уреди | уреди извор]

Хаџи Николов учествувал на повеќе од 75 самостојни и над 200 групни изложби.[1]

Самостојни изложби[уреди | уреди извор]

  • 1982 - Скопје, Културно Информативен Центар, Нови Сад, Галеријата на културниот центар
  • 1983 - Штип, културен Центар „Ацо Шопов“
  • 1985 - Скопје, Фоаје на Македонскиот народен театар, Љубљана, Галерија „Commerce“
  • 1988 - Охрид, Галерија „Лабина“
  • 1989 - Солун, Галерија „К7“
  • 1991 - Скопје, Културно Информативен Центар
  • 1992 - Софија, Галерија „Средец“; Лондон, „Square Gallery“; Албена, Кафе Галерија „Панорама“; Варна, Галерија “Palace”; Париз, Изложба и Аукција во „Hotel Drouot“; Бургас, Слободен Бугарски Универзитет
  • 1993 - Анкара, Галерија „Arel“; Охрид, Кафе „Галерија“; Скопје, Галерија „Стоби“
  • 1995 - Истанбул, Галерија „Taksim Sanat Gallery“
  • 1996 - Скопје, „МИЛС“ Интернационален Клуб
  • 2000 - Охрид, Галерија „Унарија“; Струмица, Уметничка галерија
  • 2001 - Храдец Кралове, Галерија „Celebris“
  • 2002 - Софија, Кафе Галерија „Espresso Bar“; Варна-Галерија „Актив Арт“
  • 2003 - Скопје, Музеј на Град Скопје; Пловдив, Галерија „Вазраждане“
  • 2005- Скопје, Музеј на Град Скопје; Гевгелија, Фондација „Д-р Стамен Григоров“; Охрид, Галерија „Охридска Банка
  • 2006 – Кавадарци, Музеј; Гевгелија
  • 2015 - „Светлина од минатото“, Охридско лето, Охрид
  • 2019 - Јубилејна изложба 30 години творештво во Охрид, Охридско лето, Охрид[1]

Притоа, на поважните изложби Стефан Хаџи-Николов ги изложил следниве дела:

  • 1992 година – Софија, Галерија „Средец“ – Saga (81 x 81 cm), масло на платно, Relax (100 x 100 cm), масло на платно, Model (81 x 81 cm), масло на платно, Joy (81 x 81 cm), масло на платно, Love game (100 x 130 cm), масло на платно, Times past (100 x 130 cm), масло на платно, Dream (100 x 130 cm), масло на платно, Night (100 x 130 cm), масло на платно, Landscape I (73 x 100 cm), масло на платно, Loneliness (100 x 130 cm), масло на платно, Summer peace (81 x 81 cm), масло на платно, Morning (81 x 81 cm). масло на платно. Passion (100 x 100 cm), масло на платно, A game (100 x 100 cm), масло на платно, Solitude (70 x 100 cm), пастел, Landscape II (70 x 100 cm), пастел. (11)
  • Галерија „Уранија“ 2000 Охрид - Будење (100 х 98,5 cm) масло на платно, Стефани (81 х 122 cm) масло на дрво, Изгубен цвет (81 х 81 cm), масло на платно, Покајание (81 х 81 cm), масло на платно, Тајната на дабот (81 х 122 cm), масло на дрво, Крајот на мај (81 х 122 cm), масло на дрво, Есенски плодови (81 х 122 cm), масло на дрво, Без излез (81 х 122 cm), масло на дрво, Осаменост (73 х 81 cm), масло на платно, Печурки (61 х 81 cm), масло на дрво.(10)
  • 2000/01 – Stephanie (81 x 122 cm), масло на дрво, The end of April (95 x 130 cm), масло на платно, Out of the way (81 x 122 cm), масло на дрво, Exhausted blossom (100 x 140 cm), масло на платно, Morning (50 x 65 cm), пастел, Sadness (50 x 65 cm), пастел, Joy (50 x 65 cm), пастел.(8)
  • 2000/01 (масло и пастели)– Без исход (81 х 122 cm) масло на дрво, Крајот на април (95 х 130 cm) масло на платно, Стефани (81 х 122 cm) масло на дрво, Утро (50 х 65 cm) пастел, Случаен поглед (50 х 65 cm) пастел.(9)
  • Водени импресии 2003 – Сина надеж ()81 х 100 cm), Водено покајание (81 х 81 cm), Водени имресии (110 х 240 cm), Пред заспивање (81 х 100 cm), Скриена надеж (60 х 73 cm), Огнено лето (110 х 145 cm), Ќе се повтори ли (65 х 81 cm), Тајна (65 х 81 cm), Се сечавам (100 х 65 cm), Не, но се сеќавам (100 х 65 cm), Допир на светлината (110 х 145 cm), Летни спомени (100 х 100 cm), Имресија од... (80 х 80 cm), Ќе се прати (90 х 90 cm), Скриена надеж (90 х 90 cm), Водена светлина (110 х 145 cm). Сите слики се работени на масло на пратно.(7)
  • Март 2005 Скопје – Spring Rain (60 x 80 cm), масло на платно, Misty Morning (65x30cm), масло на дрво, Morning Dew (65 x 30xm), масло на дрво, Summer day (65 x 30 cm), масло на дрво, Sunset (65x 30 cm), масло на дрво, The first One is Hard to Find (46 x 33 cm), масло на платно, Wild Flower (70 x 35 cm), масло на платно, Easter Landscape 2 (65 x 30 cm), масло на дрво, Easter Landscape 4 (55 x 45 cm), масло на дрво, Nocturnal Rain (70 x 35 cm), ,масло на платно, Easter Landscape 1 (70 x .35 cm), масло на платно, Sun Shedows (70 x 35 cm), масло на платно, Bluegrey Landscape 1 (30 x 30 cm), масло на платно, Bluegrey Landscape 2 (30 x 30 cm), масло на платно, Touch (50 x 45 cm), масло на платно, Touch 2 (50 x 45 cm), масло на платно, Heat (35 x 44 cm) масло на дрво, Flowery Fields (45 x 45 cm), масло на платно, Infinity (30 x 35 cm), масло на дрво, Raindrops (45 x 45 cm), масло на платно, After the Rain (45 x 35 cm), масло на платно, Easter (45 x 35 cm), масло на платно, Mushrooms from Merovo (30 x 35 cm), масло на дрво. (6)
  • 2006 – Автопортрет (50 x 70 cm), Чекајќи го летото (80 х 100 cm), Летен ден 2 (90 х 120 cm), Уморно утро (80 х 100 cm), Летен дожд (90 х 70), Летен ден 1 (90 х 120 cm), Оранжево безвремие (90 х 60 cm), Исчекување (90 х 60 cm), Се случи (80 х 100 cm), Чекајќи го сликарот (55 х 70), Безвремие (35 х 46 cm), Пладне (90 х 90 cm). Сите слики се работени на масло на пратно. (5)
„Летен ден 1“
„Летен ден 1“

Награди[уреди | уреди извор]

Стефан Хаџи-Николов е добитник на 16 награди, меѓу кои поважни се:[1][2]

  • 1987 - Откупна наградата „Климент Охридски“, ДЛУМ-ЦРТЕЖ ’87, НУБ “Климент Охридски”, Скопје
  • 1989 - Специјална награда за сликарство на Авторската агенција на Македонија, Есенска изложба на ДЛУМ, уметничка галерија Скопје
  • 1989 - Награда на Галеријата „Лабин“, Сликарство мал формат, Центар за култура и информации, Скопје
  • 1994 - Наградата „Вангел Коџоман“ и наградата од љубителите на ликовната уметност, Сликарство мал формат, Културен Информативен Центар, Скопје
  • 2002 - Наградата од бугарската национална асоцијација, статуата “Златен феномен” (Golden phenomenon)
  • 2004 - Наградата „Констатин Мазев“, освоена на изложбата “Слики во мал формат”, Културно Информативен Центар, Скопје
  • 2005 - Признание на Општината Кисела Вода по повод педесетгодишнината на нејзиното постоење
  • 2007 - Награда на меѓународната ликовна колонија во Залаегерзег, Унгарија
  • 2008 - Втора награда за сликарство на Есенскиот ликовен салон во Велика Плана, Србија
  • 2009 - Специјално признание на „Остен
  • 2010 - Плакета на Општината Кисела Вода за особен придонес во развојот и афирмацијата на општината
  • 2012 - Награда „Лазар Личеноски
  • Државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во културата и уметноста
  • Наградата „13 Ноември“ за долгогодишни високи остварувања во сликарството

Од наградите на Стефан Хаџи-Николов особено се издвојува наградата „Златни феномени“, доделена од бугарската асоцијација „Феномени“ (АСФЕН). Хаџи-Николов е првиот Македонец на кого му е доделена оваа награда која му била врачена за време на одржувањето на неговата изложба во софискиот центар „ЦУМ“ која била отворена на 18 април 2002 година.

"Златен феномен"

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Утрински весник , дневен печат (број 862 понеделник, 16 октомври 2006 година) ;
  • Дневник, , дневен печат (број 1843, сабота, 18 март 2006 година);
  • Македонско Сонце (стр.40/41 560/25.2005 година);
  • Лични информации од Стефан Хаџи-Николов
  • Каталог од изложбата во Кавадарци (Кавадаречка културна есен), 2006 година
  • Каталог од Музеј на град Скопје, (март 2005 година),
  • Каталог од Музеј на град Скопје мај – јуни 2003 година (Издавач: Музеј на град Скопје),

изложба насловена како „Водени имресии“

  • Каталог од изложба одржана во 2001 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 59 Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2019.
  2. 55 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12 July -20 August 2015.