Стефан Маневски
Стефан Маневски | ||
Роден | 25 декември 1934 Скопје, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 12 август 1997 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | вајар, професор |
Стефан Маневски (25 декември 1934, Скопје – 12 август 1997, Скопје, Македонија) — македонски вајар и професор [1].
Животопис
[уреди | уреди извор]Дипломирал (1960) и магистрирал (1963) на Академијата за ликовни уметности во Белград. Ретроспективна изложба имал во Скопје (МСУ, 1999). Маневски е еден од доајените на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Бил професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Творештво
[уреди | уреди извор]Неговите почетоци (1963/64) биле врзани за инвентивната серија енформелни цртежи, додека вајарните реализации од 1966 г. се конципирани со метални фрагменти (Миг на времето, 1966). Подоцна скулптурите ги сведува на објекти со оптички ефекти и со разбрануванаобоена површина (Светлосен информатор 2, 1983). Во Музеј на современа уметност Скопје ,постои богата и значајна колекција на негови дела:
- „Јужна ѕвезда“, 1965,
- „Миг на времето“, 1966
- „Композиција“, 1966
- „Неисправен механизам“, 1966/1967
- „Морбидно јадро“, 1966/1967
- „ Цртеж“, 1963
- „Градот што догорува“, 1964
- „Без наслов“, 1968
- „Крилеста скулптура“, 1968
- „Јадро што зрачи“, 1968
- „Скулптура“ 1, 1970
- „Скулптура“ 2, 1970
- „Скулптура“ 7, 1973
- „Скулптура 12, 1972/1973
- „Без наслов“, 1978
- „Скулптура“ 10-2, 1977
- „Скулптура“ 10-1, 1978
- „Светлосен информатор“ 2, 1983[2].
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Стефан Маневски Архивирано на 29 ноември 2021 г.
- Stefan Manevski