Стерјос Влахвеис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Stergios-Vlahveis.jpg
Роден 1880
Долна Џумаја, Грција
Починал 11 декември 1948
Долна Џумаја, Грција


Стерјос Влахвеис (грчки: Στέργιος Βλάχβεης), познат како Влахбеис или Вајраклис (Βλάχμπεης, Βαϊρακλής) e андарстки капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија [1] [2].

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во селото Долна Џумаја (денес Ираклија, Грција). Во почетокот бил андарт во четата на капетанот Зервас (Дукас Дукас), а кон крајот на 1906 година, Влахвеис го наследил ранетиот, а подоцна и починат капетан Атанас Хаџипантазиев, на тој начин Влахвеис застанал на чело на џумајската андарстака чета.

Четата на Влахвеис во Леригово по Младотурската револуција

Влахвеис дејствувал во Валовишко и Серско. Првите дејствија му биле насочени против Романската пропаганда во Македонија, дејствувајќи во Долна Џумаја и Горни Порој, а потоа почнал да ги напаѓа четите на Македонската револуционерна организација.

На 13 септември 1907 година Влахвеис заедно со Насос Фенгарас го убиле Динка, бидејќи тој го предал андартскиот капетан Димитар Гологанов. Есента 1907 година Влахебис заминал за Атина, а по враќањето во Македонија дејствувал на Халкидик и во реонот на езерото Тахино.

По Младотурската револуција, четата на Влахевис тргнала од планината Холомондас, минала преку Нигрита и Долна Џумаја и станал првата чета која влегла во Сер на 22 јули 1908 година.

Во Првата балканска војна со својата чета влегол во Нигрита. По Втората балканска воjна бил долгогодишен кмет на Долна Џумаја.

По неговата смрт на централниот плоштад во Долна Џумаја му бил подигнат споменик.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Στέργιος Ι. Βλάχμπεης
  2. Ο Μακεδονικός Αγώνας και οι Σερραίοι Μακεδονομάχοι