Степски Волк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Степски Волк  
Hermann Hesse Der Steppenwolf 1927.jpg
Земја Швајцарија
Јазик Германски
Жанр(ови) Автобиографски егзистенцијален роман
Издавач С.Фишер Верлаг
Издадена 1927
Страници 237

Степскиот Волк (германски: Der Steppenwolf) е роман на германско–швајцарскиот писател Херман Хесе, првично објавен во Германија, во 1927 година. Книгата е насловена по осамениот степски волк, поради тоа што во неа се комбинирани автобиографски и психоаналитички елементи. Приказната, во голема мера, открива длабока криза во духовниот свет на Хесе во 1920-те, отсликувајќи ја растргнатоста на протагонистот меѓу неговата хуманост, од една страна, и волчјата агресија, од друга.

Историјат на романот[уреди | уреди извор]

Во 1924 година, Херман Хесе се оженил со пејачката Рут Венгер, но по неколку недели го напуштил Базел и се вратил дури на крајот од годината. По неговото враќање, тој изнајмил посебен стан со што ја зголемил својата изолација. По едно кратко патување во Германија со Венгер, Хесе речиси целосно престанал да се гледа со неа. Чувството кое резултирало од изолацијата и неможноста да воспостави траен контакт со надворешниот свет воделе до зголемен очај и мисли за самоубиство. Така, Хесе почнал да го пишува романот „Степскиот волк“. Како предвесник на книгата, во 1926 година, тој ја објавил збирката песни „Кризата“, додека романот зилегол од печат во 1927 година. Првото издание на англиски јазик се појавило во 1929 година, при што во Обединетото Кралство го издал Мартин Сикер, а во САД го издале „Хенри Холт и компанијата“.

Резиме[уреди | уреди извор]

Книгата е претставена како ракопис на протагонистот, средновековен човек Хари Халер, оставен на случаен познаник, внукот на неговата газдарица. Познаникот додава негов предговор и потоа ја објавува скриптата. Насловот на оваа „вистинска“ книга во книга е „Сведоштвата на Хари Халер (Само за лудаци)“. Уште на почетокот, херојот е обременет од рефлексиите на неговото лошо приспособено битие на секојдневниот свет. За време на неговите бесцелни талкања низ градот, тој налетува на лице кое носи реклама за волшебен театар и му дава мала книга, со наслов „Расправа за степскиот волк“.

Оваа расправа, впрочем целосно цитирана во текстот на романот што го чита Хари, се однесува на Хари по име и го погодува бидејќи тој се опишува самиот како необичен. Тоа е расправа на човек кој верува дека поседува две природи: една висока, духовната природа на човекот, додека другата е ниска, животинска , “ онаа на волк од степите” . Овој човек е заплеткан во нерешлива борба и никогаш не е задоволен со ниту една од природите бидејќи тој не може да види подалеку од овој самооформен концепт. Брошурата ја објаснува повеќестраната и недефинираната природа на секоја човечка душа, кое Хари или е неспособен или не сака да го признае. Таа исто така дискутира за неговите намери за самоубиство, опишувајќи го како еден од луѓето самоубијци кои длабоко во себе знаат дека еден ден ќе си го одземат животот. Но, за да се спротистави на тоа, тој ќе го зголеми својот потенцијал да биде голем, да биде еден од “ Бесмртниците”

Следниот ден, Хари се среќава со негов поранешен академски пријател со кого тој често дискутирал за Ориенталната митологија и тој го поканува Хари во својот дом. Додека е таму, Хари се гади од националистичкиот менталитет на својот пријател кој ненамерно критикува колумна која Хари ја напишал. За возврат, Хари го навредува човекот критикувајќи ја сликата на Гете која ја насликала жена му , за која тој мисли дека е премногу сентиментална и ја навредува вистинската брилијантност на Гете . Оваа епизода му потврдува на Хари дека е , и секогаш ќе биде странец во неговото општество .

Обидувајќи да го одложи враќањето дома ( каде планирал да се самоубие ) , Хари во поголемиот дел од ноќта бесцелно шета низ градот , конечно запирајќи да се одмори покрај сала за танцување каде што налетува на млада жена , Хермине која бргу го препознава неговиот очај . Тие долго зборуваат : Хермине неизменично го исмева самосожалувањето на Хари и не ги одобрува неговите објаснувања во врска со неговиот начин на живот , на негово изненадно ослеснување . Хермине му ветува втор состанок , и му дава на Хари причина да живее ( или барем значителен изговор да продолжи да живее ) која тој нестрпливо ја прифаќа . Во текот на следните неколку недели , Хермине го воведува Хари во благодетите на она што тој го нарекува буржоазија . Таа го учи Хари да танцува , го наведува на повремена употреба на дрога , му наоѓа љубовница ( Марија ) и , најважно , го тера да ги прифати овие задоволства како легитимни и достојни аспекти за исполет живот .

Волшебниот театар[уреди | уреди извор]

Хермине исто така го запознава со мистериозен саксофонист по име ПАбло , кој се чини дека е токму спротивното од она што Хари го смета за сериозен , внимателен човек . По присуствувањето на раскошен маскембал , Пабло го води Хари во неговиот метафоричен “ Волшебен театар ” , каде што грижите и мислите со кои се соочува неговата душа се распаѓаат додека тој се поврзува со спиритуалното и привидното / духовното . Волшебниот театар е местото каде што тој доживува фантазии кои постојат во неговиот ум . Тие се опишани како ходник во облик на долга потковица која е / има огледало од едната страна и голем број врати на другата . Потоа , Хари влегува во пет од овие означени врати , од кои секоја симболизира дел од неговиот живот .

Главни ликови[уреди | уреди извор]

  • Хари Халер – протагонистот , средновековен човек
  • Пабло – саксофонист
  • Хермине – млада жена која Хари ја запознава на игранка
  • Марија – пријателка на Хермине

Критичка анализа[уреди | уреди извор]

Во предговорот на изданието од 1960 година , Хесе напишал дека „Степскиот волк“ бил „сè почесто и сè повеќе погрешно разбран“ од сите негови други книги. Хесе сметал дека неговите читатели се фокусирале само на страдањето и очајот што биле прикажани во животот на Хари Халер, поради што ја пропуштале можноста за трансценденција и исцелување.

Хесе е мајстор за замаглување на разликувањето на реалноста од фантазијата. Во моментот на кулминацијата, дискутабилно е дали Халер навистина ја убива Хермине или „убиството“ е само уште една халуцинација в Волшебниот театар. Се смета дека Хесе не ја дефинира реалноста врз основа на она што се случува во физичкиот простор и времето, туку дека реалноста е само функција на метафизичката причина и последица. Она што е важно е дека во тој момент намерата на Халер била да ја убие Хермине, а не тоа дали убиството навистина се случило. Во таа смисла, различните состојби на умот на Хелер се поважни од неговите акции. Исто така, може да се забележи дека самото постоење на Хермине во романот никогаш не е потврдено; ракописот кој е оставен во собата на Хари Халер е одраз на една приказна која целосно се врти околу неговите лични искуства. Всушност кога Хари ја прашува Хермине кое е нејзиното име таа го избегнва прашањето. Кога тој е предизвикан да го погоди нејзиното име, тој и кажува дека таа го потсеќа на пријател од детството по име Херман, и поради тоа тој заклучува дека нејзиното име мора да биде Хермине. Метафорично Хари ја создава Хермине како фрагмент од неговата душа која се распарчила со цел да создаде женски партнер.

Во „Степскиот волк“, главниот лик е немилосрдно раскинат меѓу две спротивности: од едната страна е конвенционалниот, мирен живот, а на другата страна се исконските нагони да се урнат вештачки создадените конформистички норми во животот. Тука станува збор за револтот против малограѓанското самозадоволство и против просечноста која нема повисоки амбиции и цели. Револтот се манифестира во Хари Халер низ неуредниот, нескротлив, осаменички живот, но свеста дека животот не може да се промени создава во него невротична напнатост. Излезот од таа сосотјба авторот ја наоѓа во сонот, мечтаењето и халуцинациите. Според Хесе, секој човек, исто како Хари Халер, носи во себе две личности: едната е способна да се радува, а другата страда. Тој расчекот меѓу она што му го дала природата на човекот и неговото секојдневие е симболизирани во степскиот волк - животно заталкано во туѓа, неприфатлива средина. Болната отуѓеност и комлексот на отфрленоста, Хари Халер го разрешува така што од себеси создава театар во кој неговата личност се трансформира во многу личности. Во имагинарниот театар, Хари Халер е активен извршител, носител на сите апсурдни нешта кои го раскинуваат во секојдневниот живот. Во секвенцата со војната, тој станува несвесен убиец и така, сфаќајќи ја апсурдноста на чинот, единката го наоѓа патот до хуманоста, а со тоа и патот до својата душевна преродба.[1]

Од самиот почеток, приемот на романот од страна на критиката бил остар. Американскиот романописец Џек Керуак го отфрлил „Степскиот волк“ во Биг Сур (1962)/ Big Sur и тој имал долга историја на измешан критички прием и мислење во целина. Политичките активисти и патриоти кои веќе биле вознемирени од „Сидарта“ протестирале против него и против книгата, гледајќи можност да го дискредитираат Хесе.

Дури и блиските пријатели и долгогодишните читатели го критикувале романот поради неговиот восприемен недостаток на морал во неговото отворено опишување на секс и користењето на дрога , критикување кое останало примарен отпор на романот многу години . Сепак како што општеството се менувало и поранешните табу теми како секс и дрога станале подостапни за дискусија , критичарите започнале да ја напаѓаат книгата поради други причини ; воглавно поради тоа што била премногу песимистична и поради тоа што таа претставувала патување по стапките на психотик и го прикажувало човештвото низ неговата неоснована и нестабилна гледна точка , факт кој Хесе не го оспорувал , иако тој им возвратил на критичарите дека романот завршува со тема за нова надеж.

Популарниот интерес за романот бил обновен во 1960 година, примарно поради тоа што тој бил разгледуван како книга за контракултурата и поради описот на слободната љубов и експлицитната употреба на дрога. Исто така романот бил проучуван во многу факултети а во Америка интересот за книгата и за Херман Хесе се зголемил по дури една деценија.

Наводи во популарната култура[уреди | уреди извор]

Краткиот расказ на Гете од 1928 година „Хари, степскиот волк“ претставува придружен дел на романот. Станува збор за волк, наречен Хари, кој се чува во зоолошка градина и кој го забавува народот уништувајќи слики на германски културни икони, како Гете и Моцарт. Името Степски волк стана познато во популарната култура за различни организации и институции . Во 1967 година , групата Степски волк предводена од пејачот со германско потекло Џон Хеј го зела своето име од романот . Белгиската група DAAU ( Анархистичка вечерна забава ) го добила своето име по еден од рекламните слогани на волшабниот театар во романот . Иновативната Компанија Волшебен Театар , која била основана во 1967 година во Беркли и која подоцна доби седиште во Сан Франциско го превзела името од “ Волшебниот театар ” во книгата и Театарската Компанија „Степски Волк“ во Чикаго, основана во 1974 година од страна на актерите Тери Кини, Џеф Пери и Гери Сајнис, го добила името од романот. Долгата песна „Степски волк“ се појавува на албумот на англиската рок група Хауквинд, „Восхитувачки звуци“ и е директно инспирирана од романот, вклучувајќи препораки за волшебниот театар и двојната природа на волкот – човек и човекот – волк.Роберт Калверт првично го напишал и испеал текстот на “Д„лечини меѓу нас“ од Адријан Вагнер во 1974 година. Оваа песна, исто така, се појавува подоцна на ЦД – та и ДВД – та на Хауквинд во живо .

Вториот стих од песната „Звукот на тишината“ на Сајмон и Гарфанкел наликува на почетната сцена во романот, каде што главниот лик лута по улиците сам; описот во песната одекнува детали од романот, вклучувајќи го приближувањето до светлосниот знак . Во Сан Хозе, Костарика, има бар наречен „Степски волк“ (El Lobo Estepario).

Романот бил адаптиран како филм со исто име во 1974 година. Во него глумеле Макс фон Сидов и Доминик Санда и бил режиран од страна на Фред Хаинес.

Изданија на макеоднски јазик[уреди | уреди извор]

Во 1989 година, романот бил објавен од издавачката куќа „Мисла“, а преводот од германски јазик го направила Маргарита Балод-Тодоровска, која е автор и на поговорот со наслов „Кон делата на Херман Хесе“. Ликовен уредник на книгата бил Кочо Фидановски, а коректурата ја извршила Елисавета Бежановска. Романот бил испечатен во печатницата на НИПРО „Нова Македонија“. Книгата има 199 страници, со обем од 20 сантиметри, каталогизацијата е извршена во НУБ „Климент Охридски“ и ја носи меѓународната ознака ISBN 86-15-00107-3.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Caledonian Antisyzygy

Литература[уреди | уреди извор]

  • Cornils, Ingo and Osman Durrani. 2005. Hermann Hesse Today. University of London Institute of Germanic Studies. ISBN 90-420-1606-X.
  • Freedman, Ralph. 1978. Hermann Hesse: Pilgrim of Crisis: A Biography. New York: Pantheon Books. ISBN 0-394-41981-2. OCLC 4076225.
  • Halkin, Ariela. 1995. The Enemy Reviewed: German Popular Literature Through British Eyes Between the Two World Wars. Greenwood Publishing Group. ISBN 0-275-95101-4.
  • Mileck, Joseph. 1981. Hermann Hesse: Life and Art. University of California Press. ISBN 0-520-04152-6.
  • Poplawski, Paul. 2003. Encyclopedia of Literary Modernism. Westport, CT: Greenwood Publishing Group. ISBN 978-0-313-01657-8.
  • Ziolkowski, Theodore. 1969. Foreword of The Glass Bead Game. New York: Henry Holt and Company. ISBN 0-8050-1246-X.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Steppenwolf the Genius of Suffering by Hassan M. Malik
  • Steppenwolf at the Internet Movie Database

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Маргарита Балод-Тодоровска, „Кон делата на Херман Хесе“, во: Херман Хесе, Степскиот волк. Скопје: Мисла, 1989, стр. 197-198.
  2. Херман Хесе, Степскиот волк. Скопје: Мисла, 1989.