Степска империја
Степските империи биле империи основани од номадски народи во Евроазиската степа, од класичната антика (Скитија) по се до раниот нов век (Џунгари). Тие се најистакнатиот пример на не-седентерно државно уредување.
Некои номадски империи се консолидирале со основање на престолнина во освоената држава, и потоа експлоатирајќи ги постоечките бирократски и комерцијални ресурси на тоа не-номадско општество. Во такво сценарио, првичната номадска династија можела културно да се асимилира во културата на окупираната нација пред конечно да биде соборена.[1] Ибн Халдун (1332–1406) опишал сличен циклус во помал обем во 1377 година.
Историчарите во раниот средновековен период најчесто ги нарекуваат овие држави „ханати“ (по хан, титулата на нивните владетели). После монголските освојување во 13ти век започнал да се користи и терминот орда — како на пр. „Златната Орда“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Golden, Peter B. (1992). An Introduction to the History of the Turkic Peoples: Ethnogenesis and State Formation in the Medieval and Early Modern Eurasia and the Middle East. Southgate Publishers. p. 75.