Степански манастир
Воздушен поглед на манастирот | |
| Информации | |
|---|---|
| Целосно име | Манастир „Св. Димитриј“ - Степанци |
| Манастир на: | МПЦ - ОА |
| Основан | 1921 |
| Посветен на | Свети Димитриј |
| Епархија | Повардарска |
| Цркви | „Св. Димитриј“ |
| Личности | |
| Место | |
| Место | Степанци, Општина Чашка, |
| Координати | 41°28′18″N 21°37′53″E / 41.47167°N 21.63139°E |
| Видливи остатоци | 1 црква, конак, камбанарија, помошни објекти |
| Отворен за јавноста | да |
| Други информации | (Изворска парохија) |
Степански манастир — манастир во велешкото село Степанци, сместен јужно од селото, до кој води земјен пат.[1][2]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Манастирот се наоѓа три километри југозападно од селото Степанци.[3]
До манастирот води земјен пат, кој се двои од неасфалтираниот регионален пат Р1312 (Велес-Прилеп).
Кај манастирот се наоѓа изворот Петочна Вода.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Манастирот бил завршен во 1909 година, а го граделе две жени од селото, баба Калина и баба Вида. Нивните черепи се ставени во стаклено ѕвоно, кое се наоѓа внатре во манастирот.[4] Манастирската црква била отворена во 1921 година, за што сведочи и натписот над влезната врата.[3]
Во манастирот постои спомен-плоча за основањето на првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“, кој престојувал околу манастирот.
Во 2024 година, манастирот бил под закана од шумски пожар.[5]
Верувања за манастирот
[уреди | уреди извор]Во дворот на манастирот се наоѓа конак, каде што претојуваат постарите лица и најмладите, кога се доаѓа на 28 август секоја година (Голема Богородица). Сите останати спијат на ќебиња веднаш до манастирот. Се мисли дека ако поминеш една ноќ под ведро небо кај овој манастир целата година ќе ти биде бериќетна и здравјето ќе ти биде добро.[4]
Пред портите на овој манастир се наоѓа чешма, додека погоре од манастирот, во шумата се наоѓа голем камен низ кој има мала шуплина, налик на тунел, за кој има мислење дека ако поминеш низ него ќе имаш добро здравје цела година, но овој таканаречен тунел е со пречник од околу 50–60 cm и само најтенките можат да поминат низ него.[4]
Градби во манастирот
[уреди | уреди извор]Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, манастирските конаци, како и други помошни објекти.
Црква „Св. Димитриј“
[уреди | уреди извор]Главната манастирска црква е посветена на Свети Димитриј, по која е и наречен целиот манастир.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Конак
- Спомен-плоча
- Гробни споменици
- Чешма
- Воздушен поглед на манастирот
- Воздушен поглед на манастирот
- Влезната порта
- Крст на каменот во близина на манастирот
- Помошен објект
- Помошен објект
- Конаци
- Конак
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 „Изворска парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 30 август 2018.
- 1 2 3 Трифуноски, Јован (1977). Област Бабуне и Тополке. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 215.
- 1 2 3 „За манастирот Св. Димитрија во близина на селото Степанци, Велешко (фото)“. Ти Реков Ми Рече. Посетено на 2025-10-04.
- ↑ „„ФРОНТОТ НА ПОЖАРОТ Е ГОЛЕМ" - се уште гори кај Оморани, ангажирани припадници на МВР и АРМ и вклучен хеликоптер“. Фактор Портал. Посетено на 2025-09-22.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Степански манастир на Ризницата ?