Прејди на содржината

Стево Усов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стево Усов ( 1914 во Кучевиште 1944 во Скопска Црна Гора, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со сточарство. Во септември 1944 година по формирањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, стапил во нејзините редови заедно со другите соселани и учествувал во борбите против балистичките банди. Во една борба против нив, бил тешко ранет и на пат за партизанската болница починал од здобиените рани. Неговите посмртни останки биле закопани на селските гробишта, во неговото родно село Кучевиште.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 277. На |first= му недостасува |last= (help)