Стево Трајковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стево Петров Трајковски ( 1922 во Миладиновци, Скопско16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во родното село. По завршувањето на училиштето им помагал на родителите во обработувањето на земјата. Во текот на окупацијата станал симпатизер на Народноослободителната борба. На 29 ноември 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада, со која заминал на Срем. Во Земун завршил воено-политичка обука, по што учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. На 16 април 1945 година во големата битка против непријателот за ослободување на Врпоље, храбро загинал со својот помлад брат Благоја. Посмртните останки на двајцата браќа биле пренесени и закопани во нивното родно село.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 150. На |first= му недостасува |last= (help)