Стевен Краусвејк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стевен Краусвејк
Краусвејк на Трката околу Алберта 2014
Лични податоци
Цело име Стевен Краусвејк
Роден 7 јуни 1987 (1987-06-07) (воз. 29 г.)
Нуенен,  Холандија
Висина 1,78 м
Маса 66 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб ЛотоНЛ-Џамбо
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Специјалист за искачување
Аматерски клубови
2006
2007–2009
Ван Влит-ЕБХ Адвокатен
Рабобанк КТ
Професионални клубови
2010– Рабобанк
Последна промена
19 јануари 2017

Стевен Краусвејк (холандски: Steven Kruijswijk; р. 7 јуни 1987 во Нуенен) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЛотоНЛ-Џамбо.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Во 2007 година, Краусвејк започнал да вози за развојната екипа на Рабобанк. Во 2009 го освоил холандското друмско првенство под 23 години.

Рабобанк (2010-)[уреди | уреди извор]

Две години подоцна во 2011, Краусвејк завршил осми во генералниот пласман на Џиро д’Италија. Потоа, ја освоил шестата етапа на Тур де Свис и исто така завршил трет во генералниот пласман.

Во 2014 година, Краусвејк ја освоил Арктичката трка на Норвешка, негова прва победа во кариерата.

Краусвејк (лево) ја носи сината маичка на Џиро д’Италија 2015

Во 2015 година, Краусвејк ја предводел екипата на Џиро д’Италија. Иако изгубил време во првата недела, Краусвејк возел силно во вториот дел на трката, завршувајќи втор зад Микел Ланда на етапата 16, која била кралска етапа на трката, и на крајот завршил на седмото место, 10 минути и 53 секунди зад Алберто Контадор.[2] Краусвејк ја носел сината маичка како предводник во планинскиот пласман на етапите 16–18 и завршил трет во тој пласман зад Џовани Висконти.[3]

Краусвејк ја носи розевата маичка на Џиро д’Италија 2016

Во 2016 година, Краусвејк повторно возел на Џиро д’Италија, која започнала со три етапи во Холандија. На кралската етапа на трката, етапата 14, Краусвејк завршил втор зад Естебан Чавес (Орика-БајкЕксчејнџ) преземајќи го водството со 41 секунда од Винченцо Нибали (Астана).[4] На петнаесеттата етапа, планински хронометар, Краусвејк повторно завршил втор, овој пад зад Александар Фолифоров со што го зголемил своето водство на 2 минути и 12 секунди пред Чавес, додека Нибали имал механички проблеми и паднал на третото место, 2 минути и 51 секунда зад Краусвејк.[5] На шеснаесеттата етапа, Краусвејк повторно завршил втор, зад Алехандро Валверде (Мовистар Тим) и го зголемил своето водство пред Чавес на 3 минути.[6] Меѓутоа, на етапата 19, Краусвејк паднал при спуст додека следел напад на Нибали и Чавес, завршувајќи во снег од страната на патот. Иако можел да продолжи, Краусвејк ја завршил етапата со скоро пет минути зад Нибали и четири минути зад Чавес, така паѓајќи на третото место.[7] Бил во болница по етапата, кога било потврдено дека имал скршено ребро во падот.[8] Сепак, ја започнал дваесеттата етапа, каде загубил дополнително време и паднал зад Валверде на четвртото место во генералниот пласман.[9] Ја завршил трката на четвртото место.[10] Во јули, Краусвејк потпишал двегодишно продолжување на договорот со екипата.[11]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
1. Пролог Тур д’Алзас
2009
1. Холандија Национално друмско првенство под 23 години
2010
18. Краен пласман Џиро д’Италија
2011
3. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 6
8. Краен пласман Џиро д’Италија
2013
10. Краен пласман Трка околу Алберта
2014
1. Jersey blue.svg Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
7. Краен пласман Тур де Лангкави
2015
5. Краен пласман Тур де л’Ен
7. Краен пласман Џиро д’Италија
7. Краен пласман Трка околу Британија
10. Класик Волта Лимбург
2016
4. Краен пласман Џиро д’Италија
5. Краен пласман Тур де Јоркшир

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Jersey pink.svg Џиро 18 8 26 СО 7 4
Jersey yellow.svg Тур 33 15 21
Jersey red.svg Вуелта 41 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Поранешен Рабобанк (RAB) – NED“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=MTg&RefDate=03.01.2013&MenuId=MTYzMDE&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTYzMDE%26LangId%3D1. конс. 3 јануари 2013 г. 
  2. http://www.procyclingstats.com/race.php/Giro_d_Italia_2015?id=Giro_d_Italia_2015
  3. http://www.procyclingstats.com/race/Giro_d_Italia_2015_Mountains_Classification
  4. „Kruijswijk moves into Giro d'Italia pink as Chaves wins stage 14 and rivals lose time“. 21 мај 2016. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/racing/kruijswijk-giro-ditalia-pink-chaves-wins-stage-14-229902. 
  5. http://www.skysports.com/cycling/news/15264/10291101/giro-ditalia-steven-kruijswijk-extends-lead-on-stage-15-time-trial
  6. „Valverde victorious as Nibali nosedives in stage 16“. 24 мај 2016. http://www.eurosport.com/cycling/giro-d-italia/2016/valverde-victorious-as-nibali-crumbles-in-stage-16_sto5586756/story.shtml. 
  7. „Giro d'Italia: Kruijswijk angry and defeated after crash costs him the pink jersey“. http://www.cyclingnews.com/news/giro-ditalia-kruijswijk-angry-and-defeated-after-crash-costs-him-the-pink-jersey/. 
  8. „With broken rib, Kruijswijk's Giro in doubt“. 27 мај 2016. http://velonews.competitor.com/2016/05/news/kruijswijk-suffers-broken-rib-giro-future-in-doubt_407774. 
  9. „Vincenzo Nibali all but wins the Giro d'Italia with dominant ride on stage 20“. 28 мај 2016. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/racing/giro-ditalia/vincenzo-nibali-in-lead-after-giro-ditalia-stage-20-231080. 
  10. http://www.skysports.com/cycling/news/15264/10299398/steven-kruijswijk-admits-he-will-look-back-on-giro-ditalia-with-regret
  11. „Kruijswijk extends with LottoNL-Jumbo for two more years“. http://www.cyclingnews.com/news/kruijswijk-extends-with-lottonl-jumbo-for-two-more-years/. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]