Стева Бојкоска
Стева Кирова Бојкоска (30 декември 1924 во Прилеп — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]
Учествувала во НОД во родниот град од 1941 година како член на воспитна скоевска група, а со формирањсто на партизанскиот одред „Димитар Влахов“ 1942 година - септември, станала член на пододборот на националниот фронт. Кон крајот на 1942 година станала член на СКОЈ. Во мај 1944 година се приклучила на единиците на НОВ. Најпрво во Зборско (Егејска Македонија), во резервниот баталјон на Втората македонска ударна бригада, а од август 1944 година, преминала во единиците на Петтата прилепска бригада. Била оставена во базата Кадици, Велешко, за работа во заднината со младината и за мобилизација на борци. Истовремено била ангажирана на работа на партиската техника. Во септември 1944 година станала член на ОК СКОЈ за Велешката околија. Работела во селото Чашка на формирањето НОМС и СКОЈ. Носител е на Партизанска споменица 1941.[1]