Стебло за кломпи (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стебло за кломпи

„Стебло за кломпи“ (италијански: L'Albero degli zoccoli) - италијански филм од 1978 година, во режија на Ермано Олми. Главните улоги ги толкуваат: Лујџи Орнаги (Luigi Ornaghi), Франческа Мориџи (Francesca Moriggi), Омар Брињоли (Omar Brignoli) и Антонио Ферари (Antonio Ferrari). Во филмот, режисерот не се фокусира толку врз дејствието, туку врз убедливоста на ликовите и оживувањето на некогашниот, денес заборавен, свет. Филмот, кој се смета за еден од најдобрите остварувања во италијанската кинематографија во 1970-тите и најдобро дело на Олми, освоил бројни награди меѓу кои најзначајни оние на Канскиот филмски фестивал: „Златната палма“ и Наградата на екумениското жири.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието во филмот се одвива во Ломбардија, кон крајот на 19 век. На еден голем селски имот живеат пет семејства кои се принудени да се борат со секојдневните животни тешкотии. Малиот син на едно семејство треба да тргне на училиште. Еден ден, на патот до дома, нему му се крши едната кломпа. За да му направи нова, татко му сече едно дрво, но подоцна земјопоседникот го открива и поради тој прекршок, семејството мора да го напушти имотот. Во другото семејство, една самохрана мајка се труди да ги прехрани децата. Еден ден, кравата се разболува, а ветеринарот ѝ соопштува дека нема изгледи да преживее. Сепак, жената не сака да ја убие кравата, која наеднаш оздравува. Во третото семејство се прават подготовките за свадбата на ќерката. По венчавката, младоженците одат во блискиот град при што преноќуваат во еден манастир. Таму, тие се согласуваат да посвојат едно сираче за што добиваат определен паричен надомест. Во друго семејство, за време на селскиот панаѓур, таткото пронаоѓа златник, кој го крие во копитото од коњот, но подоцна не може да го најде...

Наводи[уреди | уреди извор]