Стачка (Коле Неделковски)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Стачка“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски, дел од поетската збирка „Молскавици“, објавена во 1940 година, во Софија.

Анализа на песната[уреди | уреди извор]

Во песната „Стачка“ (зборот означува штрајк), поетот јасно ја искажува својата класна свест против социјалната неправда: наспроти безделниците во палатите, во „темниот и крвав град“ работникот станал „човек — сенка“ кој „стенка со своето срце од глад“. Меѓутоа, поетот е оптимист, верувајќи во работниците кои „се врвчат у буен рој / од очи им молска сила / за крвав и страшен бој.“ Тој е сигурен дека работниците ќе го уништат „господарот клет“, а тогаш, во новото праведно општество „мачни срца ќе пливнат / у радост сред грејнал свет“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Тодор Димитровски, „Коле Неделковски (1912 — 1941)“, во: Коле Неделковски, Песни. Македонска книга, Скопје, 1967, стр. 10.