Стафаж

Стафаж — во најопшт случај претставува додавање на украсни додатоци од второстепено значење на слика или архитектонски цртеж. Во пејзажите и архитектонските дизајни, се додаваат незначителни и малообемни слики на различни фигури што не се главна тема на сликата или цртежот. Тоа се обично луѓе, животни или возила вклучени како елементи за да се покаже обемот на главниот објект.
Поимот „стафаж“ почесто се поврзува со сликарската уметност, но се користи и во графиката, како книжна графика, украсни слики и релјефи. Оваа одлика настанала во уметноста на германско-австрискиот бидермаер од 1815-1848 г.[1] Германските уметници Г. Ф. Керстинг, Лудвиг Рихтер, Карл Шпицвег, Антон Цвенхауер, Јулиус Шопе; австриските Мориц фон Швинд, Франц Ксавер Петер и многу други ги прикажале граѓаните на заднината на пејзажот или во нивните домови, опкружени со деца, цвеќиња во кади, портрети на ѕидовите, кучиња и мачки, нивните сопруги на клавир или домашно шиење... Предметите од домаќинството, семејната средина понекогаш стануваат поважни од прикажаните ликови, барем од гледиште на создавање на расположение на удобност и благосостојба.[2]
Во архитектурата
[уреди | уреди извор]Стафажот е техника во која луѓе, животни или коли се додаваат на архитектонски цртеж. Преку овие фигури појасно се согледуваат сразмерноста, пропорционалноста и модуларноста на една зграда, како и средината во која ќе се гради.
Во сликарството
[уреди | уреди извор]Во сликарството, стафажот обично се користи во пејзажи. Посебно се додаваат луѓе или животни, кои од една страна го оживуваат пејзажот, а од друга страна помагаат да се илустрираат пропорциите и просторната длабочина. Вообичаено го користеле пејзажните сликари во XVI и XVII век, кои често вклучувале верски и митолошки сцени во нивните дела. Сцените од античката митологија вметнати како додатоци го нагласуваат херојскиот карактер на крајоликот. Тие се особено популарни во барокното сликарство.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|