Статуа на Исус Христос Кралот
Изглед
| Pomnik Chrystusa Króla Исус Христос Кралот | |
|---|---|
Статуата во ноември 2010 | |
| Локација | |
| Локација | Свибожин, Полска |
![]() | |
| Архитектура | |
| Архитект(и) | Мирослав Патецки |
| Тип | Статуа |
| Почеток на градба | 29 септември 2006 |
| Спецификации | |
| Висина (max) | 33 метарs (108 ст) |
| Материјали | Бетон |
Статуа на Исус Христос Кралот (полски: Pomnik Chrystusa Króla) е статуа на Исус Христос која се наоѓа во Свибожин, Полска.
Статуата на Христос била завршена на 6 ноември 2010 година, и истата е висока е 33 метри, по еден метар за секоја година од Христовиот живот. Златната круна е висока 2 метри, а заедно со каменот на кој е подигната статуата споменикот достигнува вкупна висина од над 51 метар.[1] Таа тежи 440 тони.[2] Целиот проект бил смислен од страна на еден полски свештеник.[3] Отецот Силвестер Завадски, отец на Римокатоличката црква на идеја за градба на статуата дошол пред пет години, купувајќи ја земјата каде денеска се наоѓа статуата.[4]
Според локалните власти, оваа статуа била највисоката на светот.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ А1 телевизија: Во Полска осветена статуа на Исус Христос, висока 33 метри
- ↑ „Rio wschodu“ (полски). 2009-01-29. Архивирано од изворникот на 2010-10-27. Посетено на 2010-11-04.
- ↑ „Polish Town Erects World's Largest Jesus Statue“. Christian Post. 2010-11-06. Посетено на 2010-11-06.
- ↑ „www.ereporter.com.mk/“. Архивирано од изворникот на 2010-11-22. Посетено на 2010-11-29.
- ↑ http://daily.mk/Vox/vo_polska_osvetena_statuata_na_isus_hristos_%28video%29/474510
