Статистичка популација
Статистичка популација — збир на поединечните случаи во статистиката кои имаат барем една заедничка одлика која е предмет на статистичка анализа.[1] Може да се состои од голем број предмети или битија чии одлики се набљудуваат во дадениот момент со цел да се утврди структурата на тие одлики.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Статистичка популација
[уреди | уреди извор]Масовни појави имаме тогаш кога тие се појавуваат во огромен број на поединечни случаи. Збирот на поединечните случаи(јавувања, манифестации) во статистиката се дефинира како статистичка маса, основна маса или популација.[2] Статистичката популација може да се состои од голем број на предмети или битија (претпријатија, изградени станови, производи за исхрана, вработени работници, земјоделски повржини, градско население итн.), чии одлики се набљудуваат во дадениот момент како би се утврдила структурата по тие одлики. Таа може да е сочинета од голем број на настани (произвоство, извоз и увоз на стока, живородени, умрени, склучени бракови итн.) чии одлики се набљудуваат во текот на времето онака како што тие се случуваат.
Статистичките постапки се фокусираат на извлекување заклучоци за големи популации на единици преку користење на мали примероци од нив. Содржината и формирањето на статистичката популација се определени од природата на појавата, целта на истражувањето и од расположливите можности за набљудување.
Дефинирање на статистичката популација
[уреди | уреди извор]За правилно дефинирање на статистичката маса мошне е важно да се познаваат барањата на статистичкото истражување кои обезбедуваат рамноправност и сигурност на заклучоците на дадената маса. Тие барања се хомогеност,сеопфатност и диференцираност.
Статистичката маса е хомогена ако единиците кои ја конституираат масата се истородни и споредливи. На пример, студентите во нашата земја, иако се разликуваат по многу одлики (години на студирање, видот на факултетот, занимањето на родителите, националност итн.), претстaвуваат статистичка маса, бидејќи им е заедничко тоа што тие се студенти. Меѓутоа редовните студенти на Економски факултет се похомогена маса, бидејќи покрај општите одлики кои ги имаат сите студенти, тие се редовни студенти и студираат економија. Кога единиците немаат ниту една заедничка одлика,тогаш тие не може да сочинуваат статистичка маса. Треба да се каже дека хомогеноста на статистичката маса треба да се сфати како релативна хомогеност. Така, на пример, пензионерите и учениците меѓусебе мошне се разликуваат, но и едните и другите го сочинуваат неактивното население и од тој аспект претставуваат статистичка маса.
Принципот на сеопфатност бара масата да ја конституираат сите единици на кои се пројавува набљудуваниот белег. Едно од најважните својства на статистичката маса е диференцираноста на единиците според вредностите на белегот. Единиците на масата треба да се истородни, но тоа не значи и еднакви, туку истовремено различни по определени белези, односно издиференцирани по модалитети на заедничкиот белег. Така, на пример, жителите кои припаѓаат на масата селско население можат да се разликуваат по низа белези: пол, старост, занимање, брачна состојба, писменост, висина на приходите и сл. Затоа велиме дека оваа маса е диференцирана. Целта на статистичкото набљудување, всушност, е испитување на диференцираноста на масата во поглед на некои особености и нивно квантитативно истражување. Масата мора да се дефинира за секое статистичко истражување.
Принципи на дефинирање на статистичката популација
[уреди | уреди извор]Принципите врз ознова на кои се врши дефинирање на масата се:
- суштинска (појмовна, содржинска) определеност
- просторна определеност
- временска определеност.
Принципот на суштинска определеност на статистичката маса бара определување на белезите кои мора да ги има секоја единица како би била вклучена во масата.
Принципот на просторна определеност бара единиците кои ја сочинуваат масата да припаѓаат на определена територија ,простор. Принципот може да не се почитува ако појавата има општ карактер односно нема просторна ограниченост.
Принципот на временска определеност бара единиците кои ја конституираат масата да носат белег карактеристичен за дадениот момент на набљудување или за дадениот временски период.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://www.statistics.com/glossary&term_id=812
- ↑ Ристески Славе,Тевдовски Драган(2010):„Статистика за бизнис и економија“,четврто издание,Скопје:Економски факултет-Скопје