Стар град (Вилнус)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Историски центар Вилнус
светско наследство на УНЕСКО
МестоВилнус, Вилнушки округ, Литванија
Критериумкултурно: (ii), (iv)
Навод541bis
Запис1994 (XVIII заседание)
Дополнувања2012
Површина352.09 ha (870.0 acres)
Преоден појас1,912.24 ha (4,725.2 acres)
Координати54°41′12″N 25°17′35″E / 54.68667° СГШ; 25.29306° ИГД / 54.68667; 25.29306Координати: 54°41′12″N 25°17′35″E / 54.68667° СГШ; 25.29306° ИГД / 54.68667; 25.29306

Стариот град во Вилнус (литвански: Vilniaus senamiestis, полски: Stare Miasto w Wilnie, белоруски: Стары горад у Вільнюсе, руски: Старый город в Вильнюсe), еден од најголемите преживеани средновековни стари градови во Северна Европа, има површина од 3,59 квадратни километри. Опфаќа 74 четврти, со 70 улици и сокаци со 1487 згради со вкупна површина од 1.497.000 квадратни метри. Најстариот дел од литванската престолнина Вилнус, бил развиен во текот на многу векови и бил обликуван од историјата на градот и постојано менување на културното влијание. Тоа е место каде што некои од најголемите европски архитектонски стилови — готски, ренесансни, барокни и неокласични — стојат рамо до рамо и се надополнуваат.

Улицата Пилиес е главната артерија на Стариот град и собиралиште за кафеанскиот и улично-пазарниот живот. Главната улица во Вилнус, авенијата Гедиминас, делумно се наоѓа во Стариот град. Централните плоштади во Стариот град се Катедралниот плоштад и Пооштадот кај Градското собрание.

Еден од најразвиените архитектонски комплекси е Архитектонскиот ансамбл на Универзитетот Вилнус, кој зафаќа голем дел од Стариот град и има 13 дворови. Избран е да ја претставува Литванија во паркот Мини-Европа во Брисел.

Во 1994 година, Стариот град Вилнус бил вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО (бр. 541) како признание за неговата универзална вредност и оригиналност. Тој е признат како еден од најубавите градови на Стариот континент кој исто така го има најголемиот барокен стар град во цела Источна и Средна Европа. Самата дефиниција за „историски центар“ има пошироко значење од Стариот град, порано опкружен со одбранбени ѕидови. Ги опфаќа вредните историски предградија на Вилнус, како што е Ужупис, кои историски порано биле надвор од градските граници. Затоа, Ужупис често се смета за дел од Стариот град Вилнус.

352 хектарскиот Стар град (Сенамиестис на литвански) како светско наследство на УНЕСКО не треба да се меша со едно од 21 старешинства (градски околии) на Вилнус - Сенамиестис (она со малку поголема територија - 440 хектари).[1]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Има повеќе споменици од интерес во Стариот град отколку во кој било друг дел на Вилнус; тие се:

Стариот град Вилнус.
  • Претседателски дворец
  • Слушков дворец
  • Раѕивилов дворец
  • Тизенхаусов дворец
  • Комплекс на замоци во Вилнус со Гедиминасовата кула и Големовојводскиот дворец

Верски споменици[уреди | уреди извор]

  • Црква „Св. Ана“
  • Вилнушка катедрала во Катедралниот плоштад
  • Црква „Св. Никола“
  • Црквата „Сите Светци“
  • Порта на зората
  • Три крстови
  • Катедрала на Богородица

Други интересни места[уреди | уреди извор]

  • Куќа на потписниците
  • Национален музеј на Литванија
  • Литвански национален драмски театар
  • Остатоци од вилнушкиот градски ѕид
  • Вилнушки зандани
Панорама на Стариот град Вилнус, гледано од Гедиминасовата кула.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]