Стар град (Варшава)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Историскиот центар на Варшава
Светско наследство на УНЕСКО
Plac Zamkowy w Warszawie widziany z wieży kościoła św. Anny.JPG
КритериумКултурно: ii, vi
Навод30
Запис1980 (4 заседание)

Стар Град (полски: Stare Miasto) – стариот дел на Варшава е ставен во списокот на светското наследство на УНЕСКО во Европа како единствен пример на повоена обнова на стариот град кој содржи примероци на градба во сите историски раздобја од 13 до 20 век. Во изворен стил обновени се стариот средновековен град, стариот плоштад, градските историски куќи, зелениот круг на местото на градските ѕидини со тврдината Барбикан, верски градби, кралскиот дворец со Сигмундовиот столб.

Историја[уреди | уреди извор]

Карта на Стариот Град на Варшава: 1. Камени скали 2. Историски музеј 3. Барбикан 4. Одбранбени ѕидини 5. Зграда Салватор 6. Музеј на уметнички изработки од кожа 7. Зграда на Св. Ана 8. Зграда Фукиер 9. Музеј на книжевноста 10. Музеј на уметноста и трговијата 11. Црква на Св. Мартин 12. Готски мост 13. Пеликанска куќа 14. Катедрала на Св. Иван 15. Језуитска црква 16. Бискупски двор 17. Кралски двор 18. Палатата со бакарен кров 19. Тунел исток-запад 20. Брдото Дунг 21. Скулптура на варшавската сирена 22. Сигмундов столб
Зградата на мазовските војводи изградена во 1466 година

Стариот Град почнал да се формира во 13 век околу дворецот на војводата од Мазовија, кој подоцна станал кралски дворец. Во самиот почеток, за заштита бил опкружен со земјен ѕид, а околу 1339 година бил заменете со камен ѕид. Главниот плоштад и местото за трговија (Rynek Starego Miasta) изграден е на крајот на 13 или на почетокот на 14 век. Овој плоштад го поврзувал дворецот со Новиот Град (Nowe Miasto). Од 19 век четирите страна на плоштадот ги добиле имињата на важни Полјаци кои живееле на тој плоштад. Тоа се: Јан Декерт (север), Франчишек Брас (исток), Игнацие Закржевски (југ) и Хуго Колатај (запад). На почетокот на Втората светска војна во 1939 година, подрачјето тешко настрадало од бомбардирањата на германските воздухопловни сили Луфтвафе. Во текот на опсадата на Варшава почнала обнова на историските градби. Меѓутоа после Варшавското востание во 1944 година, сите згради Германците ги дигнале во воздух. После војната брзо е обновена целата четврт, при што се настојувало да биде како порано. Во спомен на востанието откриен е споменик во 1983 година.

Галерија[уреди | уреди извор]

Цркви[уреди | уреди извор]

Ѕидини[уреди | уреди извор]

Друго[уреди | уреди извор]