Скилич

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Старо Скилич)
Скилич
Παλαιό Σκυλίτσι
Скилич is located in Грција
Скилич
Скилич
Местоположба во областа
Скилич во рамките на Гида (општина)
Скилич
Местоположба на Скилич во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°37′N 22°20′E / 40.617° СГШ; 22.333° ИГД / 40.617; 22.333Координати: 40°37′N 22°20′E / 40.617° СГШ; 22.333° ИГД / 40.617; 22.333
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаАнтигониди
Надм. вис.&1000000000000001400000014 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно526
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Скилич (од 1970 г. носи името Старо Скилич; грчки: Παλαιό, Παλιό Σκυλίτσι, Палео Скилици) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на дванаесет километри западно од градот Гида и два километри северно од главниот пат што од Гида води за градот Бер, на надморска височина од 14 метри.[2] Селскиот атар зафаќа површина од вкупно 14 квадратни километри.

Сместено е во областа Урумлак.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото уште од порано, како и другите села во областа Урумлак, било населено со грчко население.[2]

По Првата светска војна во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, во Скилич биле сместени 25 бегалски семејства со вкупно 95 жители.[3].

По основањето на селото Ново Скилич, селото било преименувано во Старо Скилич. Во 1970 година, Ново Скилич било преименувано во Калохори (Καλοχώρι).[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението главно се занимава со земјоделство. Основни производи на селото се памукот и шеќерната репка.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Скилич (Шкиличи), Берска каза, живееле 80 Грци христијани.[5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година навел дека во Скилич Шкиличи (Skilitch Chkilitchi) живееле 75 Грци.[6]

Во пописот од 1913 година, селото е забележано со 73 жители, а во 1920 година со 107 жители. Во 1923 година биле сместени и бегалски семејства во новоизградената населба наречена Ново Скилич, така што селото во 1928 година имало само 126 жители. По извршените мелиорации и исушувањето на Ениџевардарското Блато тука биле сместени и поголем број на бегалски семејства, поради што во 1940 година бројот на жители пораснал на 632. Во 1951 година имало 574, во 1961 година 652, во 1971 година 669, во 1981 година 696, а во 1991 година 647 жители..[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 649 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 526 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 632 574 652 669 696 647 649 526
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Антигониди со седиште во селото Кавасила, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Скилич, во кој е единствено село.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 25–26.
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νέον Σκυλίτσιον -- Καλοχώριον
  5. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 143.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.