Старо Бонче (археолошки локалитет)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Macedonian archaeology stub icon.svg
Macedonian archaeology stub icon.svg
Археолошко наоѓалиште
Старо Бонче
Македонската гробница кај Бонче 01.JPG

Поглед на влезот на гробницата во Старо Бонче

Старо Бонче is located in Археолошки локалитет во Македонија
Старо Бонче
Старо Бонче
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Основни податоци
Име Старо Бонче
Место Бонче
Тип

Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола

Период хеленистичко време
римско време
Портал:Археологија
Македонски штит со сонце пронајден на локалитетот во Старо Бонче
Сводот на гробницата во Старо Бонче

Старо Бонченекропола од старомакедонско (т.н. „хеленистичко“) и римско време, сместен јужно од селото Бонче, Прилепско. На месноста се откриени гробови во кои се најдени монети од времето на Александар Македонски и други македонски владетели, како и римски бронзени монети. Гробницата е изградена во IV век п.н.е.[1].

Опис на градбата[уреди | уреди извор]

Кружен ѕид на гробницата во Старо Бонче

Откриена е заѕидана засводена гробница со монументални димензии. Гробниот дромос и гробната комора се опкружени со периметрално оформена заштитна ограда — вид подиум, конструирана со масивни правоаголни камени блокови. Манирот на оформувањето на камените блокови од коридорот е идентичен со блоковите од кралскиот дворец. Дромосот и комората се обѕидани со правилно исечени камени блокови, покриени со слој од земја во пречник од 30 метри[1]. При откривањето гробницата била со урната покривна конструкција на камарата и опљачкана, а зачуван е само поголемиот дел од дромосот[1]. Дромосот бил долг 20 м, широк 2,15 м и висок 2,95 м, а правоаголната комора е со димензии 8х6,6 метри[1]. Блоковите од кои е изѕидан дромосот се со правоаголна форма, фино изделкани, а некои од нив достигнуваат должина и до 3 метри[1].

Пронајдоци[уреди | уреди извор]

Гробницата се наоѓа на неколку стотици метри од дупката во која, 2006 година биле откриени деловите од македонските штитови. Проширувајќи го просторот на истражувањата околу кралскиот дворец, археолозите откриле керамички фрагменти што датираат токму од времето на најголемата моќ на Пелагонското кралство. Пронајдени се делови од висококвалитетни кантароси од црн фирнис, раноантичка луцерна (керамичка ламба) датирана во средината на IV век п.н.е. и делови од други предмети.

Според археологот Виктор Лилчиќ, средиштето на античките Пелагонци се наоѓа на планинскиот врв Висока, на Селечка Планина. Во повеќегодишните истражувања тој лоцирал комплекс археолошки локалитети: кралскиот дворец и горниот град се наоѓаат на врвот Висока, додека долниот град со култниот простор и некрополата се наоѓаат во западното подножје на Висока. Местоположбата на гробницата во Бонче се наоѓа во права линија западно под остатоците на древниот град Пелагонија на врвот Висока.

Потрага по градот Пелагонија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Пелагон (град).

Научниците 165 години трагаат по раноантичкиот град Пелагонија, престолнината на пелагонските кралеви во IV век пред новата ера и главен град на Македонија Четврта од 168 до 148 година п.н.е. Кога римските воени единици го покориле во 168 година п.н.е., кралството Македонија било поделено на четири дела - мериди. Главните градови на првите три мериди биле Амфипол, Тесалоника (Солун) и Пела, кои денес се наоѓаат на територијата на Република Грција. Центарот на четвртата мерида е градот Пелагонија, по кој научниците се уште трагаат. Тое е значаен податок за едно од горномакедонските раноантички независни кралства, кои веќе во втората половина од IV и низ III век пред новата ера постепено се припоиле кон единственото кралство Македонија.

Централната комора на гробницата, била ограбена во доцната антика, ходникот бил раскопуван во 1912 година од француска армија, за во 1936 година археологот Никола Вулиќ повторно да ја откопа и нацрта. Гробницата низ годините го привлекувала интересот и на други археолози. Според искажувањето на Лилчиќ:

Внатрешноста на влезниот ходник
Никој не ни сонуваше дека таа гробница е опкружена со еден периметрален ѕид од огромни камени блокови, монтирани во ѕидот. Небесната симболика на нејзиниот круг е нешто импресивно, покојниците одат на небото а кругот е небесната рамка. Претпоставуваме дека во неа бил погребан кралот на Пелагонците, можеби токму оној кој е споменат во натписот откриен во Атина, датиран во 365 година пр. н.е. Интересно што и при првото истражување на тој простор во 2005 година, таму откривме раноантичка керамика, што говореше дека тоа не е обично место, туку се работи за нешто посериозно, но и ѕид и контури на главен централен влез во акрополата. Една година подоцна се потврди дека акрополата е антички дворец на владетелот, околу кој на два километри се протега градот. Очекуваме во гробницата или во градот да се појави можеби и некоја плоча со натпис.

Камен од гробницата како градежен материјал е носен во селото Подмол, со што и практично било откриено и нејзиното постоење.

Истражувања[уреди | уреди извор]

Раноантичка луцерна пронајдена на локалитетот

Гробницата низ годините го привлекувала интересот на многумина археолози.

  • 2007, вршени се археолошки испитувања од страна на вработени во Музејот на Македонија, Катедрата за археологија при Филозофскиот факултет на универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, при што е откриена заѕидана засведена гробница со монументални димензии.
  • 1912, ходникот бил раскопуван од страна на француска армија,
  • 1936, археологот Никола Вулиќ врши истражување на гробницата.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Кепески, Костадин (2009). Блаже Ристовски. уред (на македонски). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1420. ISBN 978-608-203-023-4 (1). 

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • [1], 30.08.2007, Дневник, Откриена кралска гробница од 4 век пред новата ера
  • [2], 31.08.2007, Утрински весник, Во гробница во Старо Бонче можеби бил погребан кралот на Пелагонија
  • [3], 13.09.2007, Вест, Пелагон, четвртиот главен град од раноантичка Македонија е кај Бонче - изјава на професорот Лилчиќ

Координати: 41°12′24.2″N 21°35′18.4″E / 41.206722° СГШ; 21.588444° ИГД / 41.206722; 21.588444