Староујгурска азбука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Староујгурска азбука
Uighur native name.svg
ТипАбџад/Азбука
Јазицистароујгурски, западнојугурски
Периодок.700ти–1800ти
Матични системи
Изведени системиТрадиционална монголска азбука

Староујгурската азбука била користена за пишување на староујгурскиот јазик, варијанта на стариот туркиски јазик што се зборувал во Турфан (исто така наречен Турпан) и Гансу, кој е предок на современиот западнојугурски јазик.[1] Терминот „староујгурски“ користен за оваа азбука е лошо наведувачки затоа што Кочо, токарско-ујгурското кралство создадено во 843 година, првично користело старотуркиска азбука . Ујгурите го присвоиле ова писмо од локалните жители кога мигрирале во Турфан по 840 година.[2] Тоа било прилагодување на арамејската азбука што се користела за текстови со будистичка, маничарска и христијанска содржина 700-800 години во Турпан. Последните познати ракописи се датирани од 18 век. Ова било прототип за монголската и манчунската азбука. Староајгурската азбука била донесена во Монголија од Тата-тонга.

Староујгурското писмо било користено меѓу 8 и 17 век пред се во Таримската котлина на Средна Азија, кој се наоѓа во денешна ујгурскиот автономен регион Синѓанг, Кина. Тоа е курзивна-спојувачка азбука со карактеристики на абџад и е напишана вертикално. Писмото цветало во 15 век во Средна Азија и делови на Иран, но на крајот било заменето со арапското писмо во 16 век. Неговата употреба била продолжена во Гансу во текот на 17 век.[3]

Како и согдијанската азбука (технички, абџад), староујгурската азбука имала намера да користи <i id="mwKA">матрес лектионис</i> за долгите самогласки, како и за кратките. Практиката да се остават кратките самогласки незастапени била скоро целосно напуштена.[4] Така, иако на крај потекнува од семитски абџад, може да се каже дека староујгурската азбука во голема мерка е „азбучена“.[5]

Uighur vert.gif

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Osman, Omarjan. (2013). L2/13-071 Proposal to Encode the Uyghur Script.
  2. Sinor, D. (1998), Asimov, M.S.; Bosworth, C.E. (уред.), History of Civilisations of Central Asia, Chapter 13 - Language situation and scripts, 4 part II, UNESCO Publishing, стр. 333, ISBN 81-208-1596-3
  3. Pandey, Anshuman. (2019). L2/19-016 Revised proposal to encode Old Uyghur in Unicode.
  4. Clauson, Gerard. 2002. Studies in Turkic and Mongolic linguistics. стр.110-111.
  5. Houston, Stephen D. 2004. The first writing: script invention as history and process (стр.59).

Библиографија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]