Старомоден

Старомоден (англиски: Old fashioned) или олд фешн — коктел аперитив на Меѓународната асоцијација на шанкери. Се меша во чаша на база на бурбон или ’ржано виски. Како гарнир се украсува со парче портокал и коктел вишна. Влегува во списокот на официјални коктели на Меѓународната асоцијација на шанкери (МАШ), во категоријата „Незаборавни“ (англ. Unforgettables).[1]
Припрема
[уреди | уреди извор]Коктелот се подготвува во посебна чаша „старомоден“, наречена по името на пијалакот. На дното на чашата се става коцка шеќер, се додава капка битер и малку сода. Сѐ се притиска со толчник. Потоа се додава мраз и се истура алкохолот. Чашата се украсува со парче портокал и коктел вишна.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1806 г., зборот „коктел“ за првпат се појавил во печатот, определен како мешавина од алкохол, битер, вода и шеќер. Во 1833 г., сличен опис бил даден за коктел што се служел во Њујорк и бил украсен со морско оревче. Во 1860 г., коктелот се мешал и на база на апсинт, кирасо и други ликери. Првичниот рецепт се вратил во баровите со појаснувањето „old-fashioned“, односно „старомоден“.[3] Најпопуларниот рецепт станале мешавините со виски, при што почесто изборот паѓал на ’ржано виски, отколку на бурбон. Притоа, во 1882 г. рецептот за коктелот одговарал на описот од пред 70 години: мешавина од алкохол, битер, вода и шеќер.
Традиционално се верува дека името „олд фешн“ за првпат било користено за коктел на база на бурбон во клуб Пенденис, клуб на џентлмени основан во 1881 г. во Луисвил, Кентаки. Се тврди дека рецептот бил измислен од шанкерот на овој клуб во чест на полковникот Џејмс Пепер (1867 — 1906), производител на бурбон. Преку шанкерот, коктелот стигнал до барот на хотелот „Волдорф Асторија“ во Њујорк.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Старомоден“. Архивирано од изворникот на 2017-03-09. Посетено на 2025-09-21.
- ↑ „Олд фешн - Old fashioned“. www.barclass.ru. Архивирано од изворникот на 2014-03-14. Посетено на 2025-09-21.
- ↑ Internet Archive, David (2007). Imbibe! : from absinthe cocktail to whiskey smash, a salute in stories and drinks to "Professor" Jerry Thomas, pioneer of the American bar. New York, N.Y. : Perigee Book/Penguin Group. ISBN 978-0-399-53287-0.