Староеврејска култура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Еврејската цивилизација настанала во 2 милениум п.н.е. кога отец Аврал од Ур и Мојсеј од Египет ќе ги победат еврејскит еплемиња и ќе се сретнат на пакистанска територија и ќе ја наречат „ветена земја“. Ќе создадат своја еврејска држава составена од сите обединети еврејски племиња. Најстарата територија се викала Хаан („земја на пурпур“). Во 12 век п.н.е. се населува приморско население од Феникија (грчки: пурпурна земја). Доаѓа до судир на старото и новото население. Се создава нова еврејска држава и се развило робовладетелско уредување. најпознат е мудрецот, царот Соломон (5 век п.н.е.) кој со својата силна флота донел огромни богатства од Африка и Индија, а на евреите им изградил огромен свет храм во Ерусалим, посветен на нивниот бог Јахве, но кога биле поразени од Вавилон во 6 век п.н.е., вавилонскиот крал Набукодоносор го уништил и ограбил храмот и однел огромен број еврејски робови во Вавилон. Кога Вавилон бил поразен од Персија, еврејските робови се вратиле дома, а подоцна ќе ги покори Рим и ќе започне да се шири христијанство.

Религија[уреди | уреди извор]

Евреите биле монотеисти, верувале во богот Јахве, но под силно влијание на Месопотамците и Египјаните развиваат митологија со приказни за: создавање на светот, создавање на човекот, рајот, пеколот, потопот итн.

Литература[уреди | уреди извор]

Види исто така Еврејска литература

Еврејската литература се развила од 12 век п.н.е. до потпаѓањето под римската империја во 1 век п.н.е.. Неа ја сочинуваат: лирика(трудови, љубовни, тажачки песни, псалми), верувања, обичаи, поуки, мудрости, митови, легенди, басни, приказни, химни, а самата литература е одраз на историјата, религијата и секојдневниот живот на старите Евреи.

Јазик и писмо[уреди | уреди извор]

Види исто така Староеврејски јазик

Староеврејскиот јазик потекнува од семитски јазик(според името на најстариот син на Ное, Сем). Секое племе имало свој дијалект, а најупотребувани еврејски јазици биле: иврид и јидиш. Писмото настанало под влијание на сликовното клинесто писмо и хиреоглифското писмо. Канајците од Синајскиот Полуостров го упростиле сложеното хиреоглифско писмо и ја создале првата азбука од 22 букви(знаци). Секоја буква имала свое име, а при изговор се користел само првиот, почетен глас. Од нив и грците ја создале алфабетата, римјаните - абецедата, а словените - азбуката.

Библија[уреди | уреди извор]

Види исто такаБиблија

Насјтарото литературно дело на старите Евреи, кој е збирка од религиозни и народни литературни творби е библијата т.е. светото писмо создавано од 12 век п.н.е. до 2 век од новата ера. Библија(од грчки - книга) е составена од два дела: стар завет и нов завет. Стариот завет е пишуван од 12 век п.н.е. до почетокот на новата ера и него го почитуваат Евреите. Напишан е на староеврејски јазик и претставува збирка од историски, литературни и религиски текстови на еврејскиот народ. Старито завет е составен од Петокнижие - Тора (книга на пророците) и списи - посланија. Стариот завет содржи: космогониски, антропогени и есхатолшки митови, како и пслами, мудрости на Соломон, пророштва, басни, а тука се наоѓа и делото „Песна над песните“. Новиот завет настанува од 1 век до 2 век од новата ера. Конечната верзија настанала на старогрчки јазик во 4 век. Стоставен е од четири евангелија(биографија на Исус) - евангелија на Марко, Матеј, Јован и Лука. Евангелие значи радосна вест, Христос значи спасител, а апостол е слдбеник, односно исусов ученик. Стилот во новиот завет е многу сликовит. Има симболи, метафори, алегории, а најчести се параболите(библиска стилска фигура - компарацијата). Библијата е вечна инсприцаија на културата и умтеноста(филм, балет, музика, литература, сликарство, вајарство). Првиот превод на билбијата на македонски јазик го направил Методиј за 6 месеци, односно преводот го работел 6 месеци пред неговата смрт. Тој го направил преводот од старогрчки на старословенски јазик. Новиот завет бил преведе на македонски јазик во 1967 година, а целата билбија во 1990 година.

Изоври[уреди | уреди извор]

Учебник по македонски јазик за прва година - реформирано гимназиско образование