Грчка азбука

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Старогрчко писмо)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оваа статија содржи специјални знаци. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи.

Грчката азбука (грчки: Ελληνικό αλφάβητο Ellenikó alphabeto) е збир од дваесет и четири букви кои се користат за пишување на грчкиот јазик уште од деветтиот век пред нашата ера. Таа е првата азбука која во тесна смисла, како систем за пишување, користи посебен симбол за секоја согласка и самогласка.[1] Таа е најстарото азбучно писмо во континуирана употреба и до денес. Буквите исто така се користат и за прикажување на грчки цифри, почнувајќи од 2 век пр.н.е.

„Грчка азбука“ на модерниот грчки јазик.
Greek alphabet alpha-omega.svg
Грчка азбука
Α α Алфа Ν ν Ни
Β β Бета Ξ ξ Кси
Γ γ Гама Ο ο Омикрон
Δ δ Делта Π π Пи
Ε ε Епсилон Ρ ρ Ро
Ζ ζ Зета Σ σ ς Сигма
Η η Ета Τ τ Тау
Θ θ Тета Υ υ Ипсилон
Ι ι Јота Φ φ Фи
Κ κ Капа Χ χ Хи
Λ λ Ламбда Ψ ψ Пси
Μ μ Ми Ω ω Омега
Застарени букви
Ϝ ϝ Дигама Ϛ ϛ Стигма
Ͱ ͱ Хета Ϻ ϻ Сан
Ϟ ϟ Копа Ϡ ϡ Сампи
Ϸ ϸ Шо

диајакритици

Грчката азбука е потомок на феникиската азбука и е основа за многу други азбуки во Европа и во Блискиот Исток, вклучувајќи ја и латиницата. [1] Во додаток на тоа што се користи за пишување на грчкиот јазик, нејзините букви се користат и како симболи во математиката и науката, за имињата на честички, имиња на ѕвезди, во имињата на клубови на братства и сестринства, во именувањето на тропски циклони и за други намени.



Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Коулмас, Флоријан (1996). Блаквел енциклопедија на пишани системи (The Blackwell Encyclopedia of Writing Systems). Оксфорд: Blackwell Publishers Ltd.. ISBN 0-631-21481-X.