Староградски народни песни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Староградски народни песни — песни настанати во градска средина и кои го опеваат градскиот живот. Во нив се пее за калдрмисани улици, за занаетчиски дуќани, за разни занаети, за љубовта меѓу младите занаетчии и убавите девојки и сл. Во процесот на нивното создавање значаен удел имало и орото, „това училиште к’де се усовршенствувала народната ни поезија“, како што запишал Константин Миладинов. Во македонското народно творештво посебно значајно место имаат охридските, велешките, штипските и битолските староградски песни. Во нив често се чувствува и книжевното влијание, влијанието на граѓанската поезија на соседните народи, но и влијанието на ориенталниот фолклор.[1] [2] [3] [4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Блаже Конески, За македонската литература, Скопје, 1967;
  2. Харалампие Поленаковиќ, Српската граѓанска поезија во Македонија во XIX век, Избрани дела, 2, Скопје, 1988;
  3. Ленка Татаровска, Староградската народна песна во Македонија, Скопје, 2001;
  4. Боривоје Џимревски, Градската инструментална музичка традиција во Македонија (1900–1941), Скопје, 2005.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Македонски староградски песни на YouTube