Стари Трг кај Лож
Изглед
| Стари Трг кај Лож Stari trg pri Ložu | ||
|---|---|---|
| ||
| Местоположба во Словенија. | ||
| Координати: 45°42′51″N 14°28′10.3″E / 45.71417°N 14.469528°E | ||
| Држава | ||
| Традиционален регион | Нотрањска | |
| Статистички регион | Приморско-нотрањски | |
| Општина | Лошка Долина | |
| Површина | ||
| • Вкупна | 2,48 км2 (0,96 ми2) | |
| Надм. вис. | 584 м | |
| Население (2020) | ||
| • Вкупно | 859 | |
| • Густина | 350/км2 (900/ми2) | |
| Час. појас | UTC+1 | |
| Пошт. бр. | 1386 | |
Стари Трг кај Лож (словенечки: Stari trg pri Ložu) — населба во Општина Лошка Долина во западна Словенија. Населбата е центар на општината Лошка Долина. Областа е дел од историскиот регион Нотрањска. Населбата сега е вклучена во Приморско-нотрањскиот статистички регион.
Црква
[уреди | уреди извор]Парохиската црква во населбата е посветена на Свети Георги и припаѓа на Љубљанската архиепископија. Парохијата била создадена во втората половина на 12 век, а црквата првпат била спомната во пишаните документи кои датираат од 1221 година. Оригиналната црква била повторно изградена и проширена во неколку наврати. Во сегашната зграда се зачувани фрески од почетокот на 16 век, а постојното светилиште е доградено во 1643 година.
| ||||||||