Стари Лозја (Кајларско)
Стари Лозја Παλιά Αμπέλια | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°29′N 21°43′E / 40.483°N 21.717°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Еордеја |
Општ. единица | Кајлари |
Надм. вис. | 630 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 1 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Стари Лозја (грчки: Παλιά Αμπέλια, Палија Амбелија или Οικισμός ΔΕΗ, Икисмос ДЕИ) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои само 1 жител (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Сариѓол, околу 6 км југоисточно од градот Кајлари, на кој всушност претставува предградие, на надморска височина од 630 м.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Селото е основано во текот на 1950-тите, додека за првпат е евидентирано во 1961 г. кога е заведено со 123 жители. Основано е во атарот на селото Дорутово од жителите на околните села со цел да живеат поблизу до градот Кајлари. Името на селото потекнува според месноста во која некогаш се наоѓале старите лозја на жителите од Дорутово, кои за време Првата светска војна настрадале од филоксера.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 123 | 385 | 392 | 349 | 327 | 167 | 1 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Кајлари со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Еордеја, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Дорутово, во кој влегува и истоименото село.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 299.
|