Стариот Вујадин

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стариот Вујадин (српски: Стари Вујадин) е српска епска (ајдучка) песна.

Содржина[уреди | уреди извор]

Една девојка го колни своите очи кои не виделе како Турците од Ливно ги водат заробени стариот ајдук Вујадин, со неговите два сина - Милиќ и Вулиќ Вујадиновиќ. Кога се приближиле до Ливно, Вујадин им кажал на синовите дека Турците ќе ги мачат, но дека тие треба да бидат храбри и да не ги предадат своите другари и јатаците. Откако биле затворени три дена, Турците го извеле Вујадин и започнале да го мачат: најпрвин му ги скршиле нозете и рацете, а потоа му ги извадиле очите, барајќи од него да ги предаде другарите. И покрај мачењето, Вујадин бил цврст, велејќи дека штом не ги предал другарите, кога му ги кршеле нозете со кои бегал од потерите и кога му ги кршеле рацете со кои се борел, сигурно нема да ги предаде поради очите, кои биле лакоми по богатството на трговците што поминувале по планината.[1] [2] [3]

Осврт кон песната[уреди | уреди извор]

Ликот на Стариот Вујадин не е познат во историјата, но се претпоставува дека тој бил некој познат ајдук. Исто така, не се познати ниту неговите синови.[4] Народниот пејач го претставил како сериозен, мирен, непоколеблив и решителен. Тој ја игра улогата на победник во мачењето, зашто дури со скршени раце и нозе, тој им се потсмева на Турците кои му ветуваат дека ќе му ги остават очите ако признае. Така, тој умира со гордост и до крајот останува човек пред другарите.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Junačke narodne pesme. Beograd: Rad, 1959, стр. 109-110.
  2. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 53-56.
  3. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 413-414.
  4. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 149.
  5. Војислав Ђурић, „О народним епским песмама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 17.

Наводи[уреди | уреди извор]