Стара турска пошта (Струмица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Стара пошта (Струмица))
Стара турска пошта
Отворање на реновираниот музеј од страна на Елизабета Канческа Милевска
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Струмица" does not exist
Општи податоци
Статусмузеј
Културно наследство
Стилосманлиска архитектура
Адресаул. „Тошо Арсов“ бр. 23
ГрадСтрумица
ЗемјаМакедонија Македонија
Координати41°26′8.2″N 22°38′4″E / 41.435611° СГШ; 22.63444° ИГД / 41.435611; 22.63444
Почната19 век
Обновена2010
Трошок за изградба3,770,000 денари
СопственикНУ Завод и Музеј Струмица

Старата турска поштамузеј кој се наоѓа во Струмица, Македонија. Објектот е сместен во стариот дел на градот во близина на наоѓалиштето Орта џамија, на улицата „Тошо Арсов“ бр. 23. Објектот е вклучен во Списокот на Културно наследство на Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Постoи краток писмен запис од 1895 година во кој еден српски патописец ја опишува Старата турска пошта како комуникациски објект за поврзување на Струмица со другите градови во Македонија. Објектот бил граден во текот на 19 век[1], и по неговата изградба служел како пошта во времето кога овие простори биле под власта на Отоманското Царство.

Подоцна овој јавен објект бил претворен во приватна куќа во која живеело семејството Арсови, а од 2005 е во сопственост на НУ Завод и Музеј во Струмица и спаѓа во ретките објекти со споменна вредност која ја обликува архитектонската визура на некогашна Струмица.

Обликуван е со приближна квадратна основа, со подрумски дел од камен, приземје и кат во бондрук систем со карактеристична вертикална геометризација. Катот има еркерно мало исфрлање само на двете страни од куќата, додека широката стреа со обликуван венец силно го нагласува кровот изведен со ориентална ќерамида[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Отворена реставрираната Турска пошта од 19. век“. Посетено на 13 декември 2010.[мртва врска]
  2. „Стара архитектура во Општина Струмица“ (македонски и англиски). Посетено на 13 декември 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]