Стара зграда на Италијанскиот конзулат во Битола
Изглед
| Стара зграда на Италијанскиот конзулат | |
|---|---|
![]() | |
| Општи податоци | |
| Вид | двокатна зграда |
| Стил | неокласична архитектура |
| Град | Битола, Општина Битола |
| Земја | Македонија |
| Координати | 41°1′31.69″N 21°20′4.78″E / 41.0254694°N 21.3346611°E |
| Завршена | Крај на 19, почеток на 20 век |
| Нарачател | Италијански конзулат во Битола |
Зграда на Италијанскиот конзулат — архитектонска знаменитост во градот Битола Се наоѓа на улица Солунска бр. 226.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Зградата е изградена кон крајот на XIX - почетокот на XX век. Таму се наоѓал Италијанскиот конзулат во градот. [1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Зградата е архитектонски еклектична со неокласични елементи - тимпани, капители и друго. Се состои од визба, приземје и кат. Северната и источната фасада имаат симетрично сместени отвори, со тимпани над прозорците на првиот кат, со богат профил, каков што има околу прозорските прагови. Првиот кат и визбата се одделени со меѓуподни корнизи, а покривниот корниз е богато профилиран.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Миновски, Никола, НУ Завод и Музеј - Битола (2002). „Италијански конзулат – Конзулска Битола“. Посетено на 14 октомври 2020.
