Стара Река (Пиринска Македонија)
Стара Река | |
---|---|
Други имиња | Вранештица |
Место | Горноџумајско, Пиринска Македонија |
Слив | |
Главен извор | Влаина 1.727 м 41°46′30″ N; 22°58′08″ E / 41.775° N; 22.9689° E |
Устие | р. Струма во с. Железница, Општина Симитли 302 м 41°55′19″ N; 23°06′39″ E / 41.9219° N; 23.1108° EКоординати: 41°55′19″ N; 23°06′39″ E / 41.9219° N; 23.1108° E |
Течение | Струма→ Егејско Море |
Сливна повр. | 96 км2 |
Физички особености | |
Должина | 29 км |
Стара Река или Вранештица (бугарски: Стара река, Вранещица) — река во Горноџумајско, Пиринска Македонија, десна притока на Струма. Долга е 29 км. Отводнява югоизточните части на планината Влаина.
Реката извира под името Вранештица на надморска височина од 1.727 м, од кладенец во најјужниот дел на планината Влаина, 1,6 км јужно од нејзиниот првенец Кадиица (1.924 м). Првично тече на север во стрмна, длабока и шумовита долина. По ммалото В’чковци на с. Сухострел свртува на североисток, и овде служи како граница меѓу општините Симитли и Горна Џумаја (Благоевград). Во долното течение е насочена кон исток, а долината е поширока и со поблаги страни. Завршува како десна притока на Струма во селото Железница, Општина Симитли.
Сливот на реката зафаќа 96 км2, што претставува 0,55 % од вкупниот слив на Струма.
Главна притока е Дебочичка Река (лева).
Стара Река се напојува претежно од дождови; најполноводна е во март и април, а најслабоводна во август и септември.
По течението на реката има три села: Сухострел, Брестово и Железница, сите во Општина Симитли.
На десниот брег на реката, западно од с. Тросково се наоѓа манастирот „Св. Арахангел Михаил“.