Стапица (филм од 2007)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Стапица“ (српски: Клопка) — филм на режисерот Срдан Голубовиќ од 2007 година. Главните улоги ги играат: Небојша Глоговац, Наташа Нинковиќ, Аница Добра и Мики Манојловиќ.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Младен и Марија се среќен млад брачен пар од Белград, припадници на средната класа. Тие живеат како потстанари при што Младен работи како градежен инженер во една државна фирма, додека Марија е наставничка по англиски јазик во основно училиште. Тие имаат едно дете, синот Немања и се надеваат на подобар живот. Меѓутоа, Немања има ретка срцева болест, а за неговото лекување во странство се потребни 26 000 евра. Тие мора да ги обезбедат парите брзо, но банките не им даваат кредит, а нивните пријатели немаат доволно пари. Затоа, Младен и Марија даваат оглас во весниците, барајќи помош за операцијата. По неколку разочарувања, ним им се јавува таинствен човек кој им нуди помош под услов Младен да убие еден деловен човек со криминален профил.

Наводи[уреди | уреди извор]