Стапица за соништа (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стапица за соништа (англиски: Dreamcatcher) е американски филм од 2003 година, во режија на Лоренс Кесден. Улогите ги играат: Морган Фримен, Томас Џејн, Џејсон Ли итн. Филмот е снимен според истоимениот роман на Стифен Кинг.

Содржина[уреди | уреди извор]

Четворица пријатели изведуваат еден херојски чин при што тие потполно се менуваат, добивајќи мистериозна моќ. Секоја година, тие одат во шумите во Мејн, но оваа година е поинаку. Таму, тие среќаваат непознат човек човек, но подоцна откриваат дека тој не е единствениот. Во шумата ги зафаќа снежна бура. Тие се предизвикани да ја спречат големата побуна која се заканува да го уништи светот.[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Стапица за соништа“, Антена, број 873, 20.3.2015, стр, 17.
  2. „Стапица за соништа“, Антена, број 877, 17.4.2015, стр. 26.