Становојски Планини

Координати: 56°20′N 126°00′E / 56.333° СГШ; 126.000° ИГД / 56.333; 126.000
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Становојските Планини)
Становојските Планини означени на карта
Становојски Пл. во рамките на Русија
Становојски Пл.
Местоположба на Становојските Планини во Русија

Становојски Планини (руски: Станово́й хребе́т, кинески: 外興安嶺, пинјин: Wài xìng'ān lǐng), наречени и Надворешен Хинганпланински венец во југоисточниот дел на Далечниот Исток на Русија. Се протега во од југозапад кон североисток во должина од 900 км, од реката Ољокма на запад до реката Учур на исток,[1] речиси сè до Охотското Море. Го дели сливот на Атлантскиот Океан (преку Лена) од сливот на Тихиот (преку Амур). Поради ова, планините ја исцртувале границата помеѓу Русија и Кина од 1689 г. (Нерчински договор) до 1858 г. (Ајгунски договор).

Венецот е долг околу 725 км. Највисок врв е Скалисти (2.482 м). Има многу ледници, од кои истекува реката Лена.

Јаблановските Планини може да се сметаат за југозападен продолжеток на Становојските. Пред XX век, името се однесувало и на полумитски венец по западното крајбрежје на Охотското Море.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

56°20′N 126°00′E / 56.333° СГШ; 126.000° ИГД / 56.333; 126.000