Прејди на содржината

Станко Враз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Станко Враз

Станко Враз (со крсно име Jakob Fraß;[1] 30 јуни 1810 – 20 мај 1851) бил словенечко-хрватски поет. Го славизирал своето име во Станко Враз во 1836.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Роден во селото Церовец во Долна Штаерска, Австриска Империја (во денешна Словенија), Враз бил еден од најважните фигури во Илирското движење во Кралството Хрватска и Славонија.[2][3] Основно образование завршил во Љутомер и гимназија во Марибор по што студирал филозофија во Грац.[3] Течно ги познавал германскиот, францускиот, шпанскиот и повеќе словенски јазици.[3] Пишувал поеми и патеписи и собирал народни песни. Преведувал и странска литература на хрватски.

Додека бил во Самобор, ја запознал Јулијана "Љубица" Кантили, внука на неговиот пријател и колега, Људевит Гај.[4] Таа била негова муза и ѝ посветил многу песни и дела. Во овој период Враз станал силен застапник на Илирското движење.[3]

Станко Враз починал во Загреб во 1851.

  1. Tauf- und Geburtsbuch. Svetinje. 1788–1825. стр. 72. Посетено на 2 January 2024.
  2. Baynes,Thomas Spencer. The Encyclopædia Britannica. Vol. 21.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Milorad Živančević (1971). Živan Milisavac (уред.). Jugoslovenski književni leksikon [Yugoslav Literary Lexicon] (српскохрватски). Novi Sad (SAP Vojvodina, SR Serbia): Matica srpska. стр. 575-576.
  4. Stančić, Nikša. Gajeva "Još Horvatska ni propala" iz 1832–33: ideologija Ljudovita Gaja u pripremnom razdoblju hrvatskog narodnog preporoda. Globus, 1989.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]